Причини и последици на повредите на градниот кош во мирновременски и воени услови

Драган (Dragan) Костиќ (Kostikj), Миодраг (Miodrag) Јевтиќ (Jevtikj), Бранка (Branka) Сарач (Sarach)

Извадок


Обработени се 107 болни со повреди на градниот кош, од кои 95 се тапи трауми, а 12 се причинети со огнено и ладно оружје. Го заклучивме следното:

Повредите на градниот кош, како во мир, така и во воени услови се еден од најтешките, бидејќи се загрозуваат виталните функции – дишењето и циркулацијата; даваат висок процент на трајни последици, па и смртност и бараат полно внимание и адекватен третман.

Евидентен е високиот процент на тапи трауми, особено на оние во сообраќајните несреќи, причинети од се поголемиот пораст на стандардот и потребите на денешниот човек за автомобил, како и заради возачите почетници. Истовремено, процентот на траумите, предизвикани од огнено, а посебно од ладно оружје е значително повисок, за што веројатно како општествените, така и моралните човечки фактори.

Врз база на искуствата од изминатите војни, а со оглед на денешните сознанија за евентуалните современи војни, треба да се очекува висок процент на повреди на градниот кош, особено со тапи трауми како кај активната војска, така и кај цивилното население, дека ќе се задржи или зголеми процентот на повреди од огнено оружје, односно дека бројот на повредите од ладно оружје ќе биде минимален


Клучни зборови


повреди; граден кош

Комплетен текст:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Печатарски права (c) 2017 АјДи Дизајн 2012/ДООЕЛ Скопје, Република Македонија

##submission.license.cc.by-nc4.footer##