Радиоимунолошко одредување на нормални предпладневни вредности на АЦТХ и кортизол во плазмата кај женски и машки испитаници

Олга (Olga) Никодијевиќ (Nikodijevikj), Елизабета (Elizabeta) Георгиевска (Georgievska)

Извадок


Разните вредности на АКТХ и кортизол во плазмата покажуваат дневни, менструални и гравидитени  клиничкото толкување. Некои автори даваат податоци за средните вредности кои се со широки и често го отежнуваат клиниќкото толкување на резултатите.

Што потесни нормални нормални вредности на АКТХ и кортизол во предпладневните часови, направени се нашите испитувања кај двата пола, а кај женските испитаници со четирикратно земање на крв на 1., 7., 14., и 21. ден од почетокот на менструацијата. Дадените нормални вредности за АКТХ  во китот на RIA-CIS-SORIN се 38.1 pg/ml ± SD 20 pg/ml. Кај нашите женски испитаници добиени се следните резултати: средна вредност 53 ± 22.7 pg/ml; во 1. ден = 42 ± 11.8 pg/ml, на 7. ден = 47.5 ± 4.5 pg/ml, на 14. ден = 51.5 ± 11.3 pg/ml и на 21. ден = 63.3 ± 12.5 pg/ml.

За кортизол средна вредност дадена во упатството на китот RIA-NEN е = 5-25 mcg%, а нашите резултати се: средна вредност за машки испитаници е 12.5 ± 3.6 mcg%, за женски = 15.5 ± 9.7 mcg%, од кое за 1. ден  изнесува 28.2 ± 13.5 mcg% и е највисоко ниво во тек на менструациониот циклус.

Овие резулттаи сугерираат дека за правилна интерпретација на нивота на АКТХ и кортизол мора да се земе во обзир денот на менструалниот циклус.


Клучни зборови


АКТХ; кортизол; менструален циклус

Комплетен текст:

PDF

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Печатарски права (c) 2017 АјДи Дизајн 2012/ДООЕЛ Скопје, Република Македонија

##submission.license.cc.by-nc4.footer##