Вкупен, групно специфичен и специфичен ИгЕ кон храна во серум од пациенти упатени за испитување на алергија во Република Македонија

Slavica Hristomanova Mitkovska

Извадок


ВОВЕД: Терминот „алергијата на храна“ се однесува на имун одговор насочен кон храната. Алергија на храна е: ''негативен здравствен ефект што произлегува од специфичен имунолошки одговор што се случува при повторувачка изложеност на одредена храна”. Оваа дефиниција ги опфаќа имуните реакции кои се ИгЕ посредувани, не-ИгЕ посредувани или комбинации од двете. ИгЕ-посредуваните реакции се карактеризираат со акутен почеток на симптомите обично во рок од 2 часа по внесот или по изложеноста на храната и обично вклучуваат симптоми на кожата, гастроинтестиналниот тракт и дишните патишта. Иако секоја храна може да предизвика алергиска реакција и повеќе од 170 видови на храна се пријавени дека предизвикуваат реакции на храна кои се ИгЕ-посредувани, сепак мал број на храни го предизвикуваат поголемиот дел од алергиските реакции. Тие се опишани во литературата како „главни алергени од храна'', а во нив спаѓаат: кикирики, ореви, јајца, млеко, риба, ракови, школки, пченица и соја. На глобално ниво, распространетоста на алергии на храна се чини дека се зголемува и зголемувањата на инциденцата се забележува скоро во сите земји. Алергиите на храна се разликуваат од културата и популацијата.

ЦЕЛИ: Целите на овој магистерски труд се: квантитативно испитување на вкупен и на специфичен ИгЕ за алергени од храна од животинско и растително потекло во серумот кај пациенти со сомневање за постоење на алергија на храна; одредување на степенот на алергиската реакција; квалитативно испитување на групно специфичниот ИгЕ; одредување на корелација помеѓу вкупниот и специфичниот ИгЕ за алергени од храна од животинско и растително потекло, како и пресметување на процентот на алергии кон храна во македонската популација.

МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Анализирани се ретроспективно 8898 консекутивни пациенти во десет годишен период (од 01.01.2001 до 01.01.2011 година), упатени на Институтот за имунобиологија и хумана генетика за испитување на алергии. Сите примени пациенти се групирани според пол, возраст, место на живеење и анализи за ИгЕ вкупен и специфичен кон алергени од храна од растително и животинско потекло. Квантитативното и квалитативното одредување на вкупниот ИгЕ, специфичниот ИгЕ и групно специфичниот ИгЕ кон алергени од храна е направено со UniCAP100 System (Pharmacia, Uppsala, Sweden) во лабораториите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет во Скопје.

РЕЗУЛТАТИ: Резултатите се статистички обработени и табеларно и графички прикажани. За фреквенцијата на примени пациенти за алерголошки тестирања на Институтот за имунобиологија и хумана генетика забележан е делумно континуиран пораст низ годините. Најголем дел од примените пациенти потекнуваат од Скопје (1.2% од број на жители), а остатокот се од другите градови од Република Македонија, но процентот на примени пациенти во однос на бројот на жители од другите градови од Република Македонија е под 1%.

Добиените резултати за дистрибуцијата на бројот на пациенти во секоја група на концентрација на вкупниот ИгЕ покажаа дека најголем дел од пациентите имале нормални вредности за вкупниот ИгЕ во серумот.

За дистрибуцијата на вкупниот ИгЕ помеѓу возрасните групи на пациентите најдено е дека постои статистички значајна разлика кај вкупниот ИгЕ помеѓу посебните возрасни групи (p < 0.01, < 0.05).

При анализата на концентрацијата на вкупниот ИгЕ помеѓу мажи и жени добиено е дека геометриската средина за серумскиот ИгЕ е повисока кај мажи во споредба со жени, односно p<0.01, t (3271) = 3.732; p = 0.00, < 0.01, < 0.05 што значи дека постои статистички значајна разлика помеѓу вкупниот ИгЕ кај мажи и жени.

Од добиените резултати за концентрациите на специфичните ИгЕ противтела кон храна забележано е дека постојат разлики помеѓу нивоата на сите специфични ИгЕ противтела во однос на возрасните групи, односно секој алерген предизвикува различен тренд на производство на ИгЕ противтела со возраста.

Од анализите за постоење на корелација помеѓу вкупниот ИгЕ и специфичните ИгЕ откриено е дека постои статистички значајна корелација помеѓу ИгЕ вкупен и белка од јајце, млеко, алфа-лакталбумин и казеин. Додека пак од анализите за постоење на корелација помеѓу вкупниот ИгЕ и групно специфичните алергени откриено е дека постои статистички значајна корелација помеѓу ИгЕ вкупен и смеша од храна, смеша од месо, смеша од овошје и смеша од житарици.

Прикажан е и процентот на алергии кон храна кај сите анализирани пациенти од кои 28.5% имаат позитивен наод за ИгЕ противтела во крвта, а кај 71.5% сите направени анализи биле негативни.

ЗАКЛУЧОК: Зголемувањата на бројките на пациентите со алергии на храна може да се должат на егзотичните и етничките состојки кои се повеќе се користат во подготовката на храната. Друга можност за нивниот пораст е поради се поголемата изложеност на вештачки препарати во фабрички преработената храна. Разликите во примените пациенти од различните градови во Република Македонија може да се објаснат со различната информираност/неинформираност на матичните лекари за анализите кои се вршат на ИИБХГ, во географската раздалеченост на градовите, а секако од сето ова се наметнува и потребата за отварање на алерголошки лаборатории низ повеќе градови во Република Македонија. Добиен е и огромен број на негативни резултати и за да се намали бројот на непотребно направените анализи би требало да се зголеми едукацијата на матичните лекари за алергиите преку семинари, конференции и предавања.

Клучни зборови


ИгЕ-посредувана алергија на храна; вкупен ИгЕ; специфични ИгЕ противтела кон алергени од храна од растително и животинско потекло; Република Македонија

Комплетен текст:

PDF [Macedonian] (English)

References


Pumphrey RS, Gowland MH. Further fatal allergic reactions to food in the United Kingdom, 1999-2006. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2007;119(4):1018-9.

Yocum MW, Butterfield JH, Klein JS, Volcheck GW, Schroeder DR, Silverstein MD. Epidemiology of anaphylaxis in Olmsted County: a population-based study. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1999;104(2):452-6.

Poulos LM, Waters A-M, Correll PK, Loblay RH, Marks GB. Trends in hospitalizations for anaphylaxis, angioedema, and urticaria in Australia, 1993-1994 to 2004-2005. Journal of allergy and clinical immunology. 2007;120(4):878-84.

Shek LP, Lee BW. Food allergy in Asia. Current opinion in allergy and clinical immunology. 2006;6(3):197-201.

Liew WK, Williamson E, Tang ML. Anaphylaxis fatalities and admissions in Australia. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2009;123(2):434-42.

Osborne NJ, Koplin JJ, Martin PE, Gurrin LC, Lowe AJ, Matheson MC, et al. Prevalence of challenge-proven IgE-mediated food allergy using population-based sampling and predetermined challenge criteria in infants. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2011;127(3):668-76. e2.

Rona RJ, Keil T, Summers C, Gislason D, Zuidmeer L, Sodergren E, et al. The prevalence of food allergy: a meta-analysis. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2007;120(3):638-46.

Burks A, Tang M, Sicherer S, Muraro A, Eigenmann PA, Ebisawa M, et al. ICON: food allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2012;129(4):906-20.

Ho MH, Wong WH, Heine RG, Hosking CS, Hill DJ, Allen KJ. Early clinical predictors of remission of peanut allergy in children. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2008;121(3):731-6.

Allen K, Dharmage S. The role of food allergy in the atopic march. Clinical & Experimental Allergy. 2010;40(10):1439-41.

Sicherer SH, Furlong TJ, Maes HH, Desnick RJ, Sampson HA, Gelb BD. Genetics of peanut allergy: a twin study. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2000;106(1):53-6.

Zuidmeer L, Goldhahn K, Rona RJ, Gislason D, Madsen C, Summers C, et al. The prevalence of plant food allergies: a systematic review. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2008;121(5):1210-8. e4.

Mulla ZD, Simon MR. Hospitalizations for anaphylaxis in Florida: epidemiologic analysis of a population-based dataset. International archives of allergy and immunology. 2007;144(2):128-36.

Mullins R, Clark S, Camargo C. Socio‐economic status, geographic remoteness and childhood food allergy and anaphylaxis in Australia. Clinical & Experimental Allergy. 2010;40(10):1523-32.

Asher MI, Montefort S, Björkstén B, Lai CK, Strachan DP, Weiland SK, et al. Worldwide time trends in the prevalence of symptoms of asthma, allergic rhinoconjunctivitis, and eczema in childhood: ISAAC Phases One and Three repeat multicountry cross-sectional surveys. The Lancet. 2006;368(9537):733-43.

Cataldo F, Accomando S, Fragapane ML, Montaperto D. Are food intolerances and allergies increasing in immigrant children coming from developing countries? Pediatric allergy and immunology. 2006;17(5):364-9.

Roehr C, Edenharter G, Reimann S, Ehlers I, Worm M, Zuberbier T, et al. Food allergy and non‐allergic food hypersensitivity in children and adolescents. Clinical & Experimental Allergy. 2004;34(10):1534-41.

Imamura T, Kanagawa Y, Ebisawa M. A survey of patients with self‐reported severe food allergies in Japan. Pediatric Allergy and Immunology. 2008;19(3):270-4.

Eriksson NE, Moller C, Werner S, Magnusson J, Bengtsson U, Zolubas M. Self-reported food hypersensitivity in Sweden, Denmark, Estonia, Lithuania and Russia. Journal of investigational allergology and clinical immunology. 2004;14(1):70-9.

Sampson HA. Food allergy. Part 1: immunopathogenesis and clinical disorders. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1999;103(5):717-28.

Bendiner E. Baron von Pirquet: the aristocrat who discovered and defined allergy. Hospital practice. 1981;16(10):137, 41, 44 passim.

von Pirquet C, Schick B. Serum sickness: Williams & Wilkins; 1951.

Turk J. Von Pirquet, allergy and infectious diseases: a review. Journal of the Royal Society of Medicine. 1987;80(1):31.

Portier P, Richet C. Action anaphylactique des quelques venims. CR Soc Biol. 1902;54(170):2.

Becker E. Elements of the history, of our present concepts of anaphylaxis, hay fever and asthma. Clinical and Experimental Allergy. 1999;29:875-95.

Opie EL. The significance of allergy in disease Medicine. 1936;15(4):489-509.

Coca AF, Cooke RA. On the classification of the phenomena of hypersensitiveness. The journal of immunology. 1923;8(3):163-82.

Wise F. Footnote on problem of eczema, neurodermatitis and lichenification, Wise F., Sulzberger MB, the 1933 Year Book of Dermatology and Syphilogy, 1993, 38-39. The Year Book Publishers, Chicago.

Schwartz M. Heredity in bronchial asthma; a clinical and genetic study of 191 asthma probands and 50 probands with Baker's asthma. Acta allergologica Supplementum. 1951;2:1-288.

Stifler Jr W. A 21 year follow up of infantile eczema The Journal of pediatrics. 1965;66:SUPPL: 166-7.

Johansson S. Serum IgND levels in healthy children and adults. International Archives of Allergy and Immunology. 1968;34(1):1-8.

Hoffman DR, Yamamoto FY, Geller B, Haddad Z. Specific IgE antibodies in atopic eczema. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1975;55(4):256-67.

Coombs R, Gell P. Classification of allergic reactions responsible for clinical hypersensitivity and disease. Clinical aspects of immunology. 1975;3(1):761-81.

Weetman AP. Graves' disease. New England Journal of Medicine. 2000;343(17):1236-48.

Boyce JA, Assa'ad A, Burks AW, Jones SM, Sampson HA, Wood RA, et al. Guidelines for the diagnosis and management of food allergy in the United States: report of the NIAID-sponsored expert panel. The Journal of allergy and clinical immunology. 2010;126(6 Suppl):S1-58.

Sackeyfio A, Senthinathan A, Kandaswamy P, Barry P, Shaw B, Baker M. Diagnosis and assessment of food allergy in children and young people: summary of NICE guidance. BMJ. 2011;342.

Johansson SG, Bieber T, Dahl R, Friedmann PS, Lanier BQ, Lockey RF, et al. Revised nomenclature for allergy for global use: Report of the Nomenclature Review Committee of the World Allergy Organization, October 2003. The Journal of allergy and clinical immunology. 2004;113(5):832-6.

Asero R, Ballmer‐Weber BK, Beyer K, Conti A, Dubakiene R, Fernandez‐Rivas M, et al. IgE‐Mediated food allergy diagnosis: Current status and new perspectives. Molecular nutrition & food research. 2007;51(1):135-47.

Sampson HA. Update on food allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2004;113(5):805-19.

Cianferoni A, Spergel JM. Food allergy: review, classification and diagnosis. Allergol Int. 2009;58(4):457-66.

Spergel JM, Beausoleil JL, Fiedler JM, Ginsberg J, Wagner K, Pawlowski NA. Correlation of initial food reactions to observed reactions on challenges. Annals of Allergy, Asthma & Immunology. 2004;92(2):217-24.

Eigenmann PA, Sampson HA. Interpreting skin prick tests in the evaluation of food allergy in children. Pediatric allergy and immunology. 1998;9(4):186-91.

Eigenmann PA, Calza Am. Diagnosis of IgE‐mediated food allergy among Swiss children with atopic dermatitis. Pediatric allergy and immunology. 2000;11(2):95-100.

Skolnick H. Correlation of Initial Food Reactions to Observed Reactions on Challenges. Pediatrics. 2005;116(Supplement 2):547-.

Celik‐Bilgili S, Mehl A, Verstege A, Staden U, Nocon M, Beyer K, et al. The predictive value of specific immunoglobulin E levels in serum for the outcome of oral food challenges. Clinical & Experimental Allergy. 2005;35(3):268-73.

Sampson HA. Utility of food-specific IgE concentrations in predicting symptomatic food allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2001;107(5):891-6.

Cots P, Pena J, Botey J, Eseverri J, Marin A, Ras R. Determination of total and specific IgE using UNICAP 100: comparative study with the CAP system. Allergologia et immunopathologia. 1997;26(5):223-7.

Спироски М, Трајков Д, Петличковски А, Арсов Т, Стрезова А, Ефинска-Младеновска О, et al. Имунолошки Практикум. Институт за имунобиологија и хумана генетика, Медицински факултет, Универзитет "Св Кирил и Методиј", Скопје, . 2006:167-86.

Johansson S, Yman L. In Vitro assays for immunogiobulin E. Clinical reviews in allergy. 1988;6(2):93-139.

Seagroatt V, Anderson S. The second international reference preparation for human serum immunoglobulin E and the first British standard for human serum immunoglobulin E. Journal of biological standardization. 1981;9(4):431-7.

Burks A. Peanut allergy. The Lancet. 2008;371(9623):1538-46.

Sicherer SH, Muñoz-Furlong A, Sampson HA. Prevalence of peanut and tree nut allergy in the United States determined by means of a random digit dial telephone survey: a 5-year follow-up study. Journal of allergy and clinical immunology. 2003;112(6):1203-7.

Bock SA. Prospective appraisal of complaints of adverse reactions to foods in children during the first 3 years of life. Pediatrics. 1987;79(5):683-8.

Ramesh S. Food allergy overview in children. Clinical reviews in allergy & immunology. 2008;34(2):217-30.

Балабанова-Стефанова М. Хиперсензитивни кутани реакции на беталактамски антибиотици: рационален дијагностички и прогностички модел [Докторска дисертација]. Скопје, Република Македонија: Универзитет Св Кирил и Методиј, Медицински факултет, Клиника за кожни и венерични болести, 1996.

Stavrik K, Kareva L, Mironska K, Peova S, Hristomanova S, Trajkov D, et al. Sensibilization in children with severe form of atopic dermatitis. Vox Medici. 2011;20(72):164-7.

Hristomanova S, Grunevska V, Balabanova-Stefanova M, Trajkov D, Petlichkovski A, Kirijas M, et al. Hyper IgE in a HIV Positive Patient-Case Report. Macedonian Journal of Medical Sciences. 2011;4(1):99-103.

Trajkovski V, Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O, Trajkov D, Arsov T, Strezova A, et al. Higher plasma concentration of food-specific antibodies in persons with autistic disorder in comparison to their siblings. Focus on Autism and Other Developmental Disabilities. 2008;23(3):176-85.

Stavrikj K, Peova S, Petlickovski A, Topuzovska I, Spiroski M. Safe Measles, Mumps and Rubella Vaccine Administration in Atopic Children with High Levels of Egg White-Specific IgE Antibody. Macedonian Journal of Medical Sciences. 2011;4(3):271-4.

Sicherer SH. Epidemiology of food allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2011;127(3):594-602.

Mills EC, Mackie A, Burney P, Beyer K, Frewer L, Madsen C, et al. The prevalence, cost and basis of food allergy across Europe. Allergy. 2007;62(7):717-22.

Sunyer J, Jarvis D, Pekkanen J, Chinn S, Janson C, Leynaert B, et al. Geographic variations in the effect of atopy on asthma in the European Community Respiratory Health Study. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2004;114(5):1033-9.

Hemmens V, Baldo B, Elsayed S, Bass D. Allergic response to birch and alder pollen allergens influenced by geographical location of allergic subjects. International Archives of Allergy and Immunology. 1988;87(3):321-8.

Цветанов В. Алергиските болести во Република Македонија. Институт за медицина на трудот; Македонско здружение за базична и клиничка имунологија и алергологија. 2006:199-209.

Jaspan HB, Lawn SD, Safrit JT, Bekker L-G. The maturing immune system: implications for development and testing HIV-1 vaccines for children and adolescents. Aids. 2006;20(4):483-94.

Glezen WP. Maternal vaccines. Primary Care: Clinics in Office Practice. 2001;28(4):791-806.

Holt P, Macaubas C, Cooper D, Nelson D, McWilliam A. Th-1/Th-2 Switch Regulation in Immune Responses to Inhaled Antigens. Dendritic Cells in Fundamental and Clinical Immunology: Springer; 1997. p. 301-6.

Verthelyi D. Sex hormones as immunomodulators in health and disease. International immunopharmacology. 2001;1(6):983-93.

De Amici M, Ciprandi G. The age impact on serum total and allergen-Specific IgE. Allergy, asthma & immunology research. 2013;5(3):170-4.

Barbee RA, Halonen M, Lebowitz M, Burrows B. Distribution of IgE in a community population sample: correlations with age, sex, and allergen skin test reactivity. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1981;68(2):106-11.

Grigoreas C, Pappas D, Galatas I, Kollias G, Papadimos S, Papadakis P. Serum total IgE levels in a representative sample of a Greek population. Allergy. 1993;48(3):142-6.

Holford-Strevens V, Warren P, Wong C, Manfreda J. Serum total immunoglobulin E levels in Canadian adults. Journal of allergy and clinical immunology. 1984;73(4):516-22.

NYE L, Merrett T, Landon J, White R. A detailed investigation of circulating IgE levels in a normal population. Clinical & Experimental Allergy. 1975;5(1):13-24.

Wittig HJ, Belloit J, De Fillippi I, Royal G. Age-related serum immunoglobulin E levels in healthy subjects and in patients with allergic disease. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1980;66(4):305-13.

Omenaas E, Bakke P, Elsayed S, Hanoa R, Gulsvik A. Total and specific serum IgE levels in adults: relationship to sex, age and environmental factors. Clinical & Experimental Allergy. 1994;24(6):530-9.

Miller RA. The aging immune system: primer and prospectus. Science. 1996;273(5271):70-4.

Sherrill DL, Halonen M, Burrows B. Relationships between total serum IgE, atopy, and smoking: a twenty-year follow-up analysis. Journal of allergy and clinical immunology. 1994;94(6):954-62.

Poulsen LK, Hansen TK, Nørgaard A, Vestergaard H, Stahl Skov P, Bindslev‐Jensen C. Allergens from fish and egg. Allergy. 2001;56(s67):39-42.

Lemon-Mulé H, Sampson HA, Sicherer SH, Shreffler WG, Noone S, Nowak-Wegrzyn A. Immunologic changes in children with egg allergy ingesting extensively heated egg. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2008;122(5):977-83. e1.

Yamada K, Urisu A, Haga Y, MATSUOKA H, KOMADA H, TORII S. A case retaining contact urticaria against egg white after gaining tolerance to ingestion. Pediatrics International. 1997;39(1):69-73.

Monti G, Muratore M, Peltran A, Bonfante G, Silvestro L, Oggero R, et al. High incidence of adverse reactions to egg challenge on first known exposure in young atopic dermatitis children: predictive value of skin prick test and radioallergosorbent test to egg proteins. Clinical & Experimental Allergy. 2002;32(10):1515-9.

Bellioni-Businco B, Paganelli R, Lucenti P, Giampietro PG, Perbornc H, Businco L. Allergenicity of goat’s milk in children with cow’s milk allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 1999;103(6):1191-4.

Szepfalusi Z, Ebner C, Urbanek R, Ebner H, Scheiner O, Boltz-Nitulescu G, et al. Detection of IgE antibodies specific for allergens in cow milk and cow dander. International archives of allergy and immunology. 1993;102(3):288-94.

Aas K. Studies of hypersensitivity to fish. Studies of some immunochemical characteristics of allergenic components of a fish extract (cod). International archives of allergy and applied immunology. 1966;29(6):536.

Ebo D, Kuehn A, Bridts C, Hilger C, Hentges F, Stevens W. Monosensitivity to pangasius and tilapia caused by allergens other than parvalbumin. J Investig Allergol Clin Immunol. 2010;20(1):84-8.

Seitz CS, Pfeuffer P, Raith P, Bröcker E-B, Trautmann A. Food allergy in adults: an over-or underrated problem. Dtsch Arztebl Int. 2008;105(42):715-23.

Bock SA. Natural history of severe reactions to foods in young children. The Journal of pediatrics. 1985;107(5):676-80.

Tatham A, Shewry P. Allergens to wheat and related cereals. Clinical & Experimental Allergy. 2008;38(11):1712-26.

Matricardi P, Bockelbrink A, Beyer K, Keil T, Niggemann B, Grüber C, et al. Primary versus secondary immunoglobulin E sensitization to soy and wheat in the Multi‐Centre Allergy Study cohort. Clinical & Experimental Allergy. 2008;38(3):493-500.

Finkelman FD. Peanut allergy and anaphylaxis. Current opinion in immunology. 2010;22(6):783-8.

Skolnick HS, Conover-Walker MK, Koerner CB, Sampson HA, Burks W, Wood RA. The natural history of peanut allergy. Journal of allergy and clinical immunology. 2001;107(2):367-74.

L'Hocine L, Boye JI. Allergenicity of soybean: new developments in identification of allergenic proteins, cross-reactivities and hypoallergenization technologies. Critical reviews in food science and nutrition. 2007;47(2):127-43.

Skripak JM, Matsui EC, Mudd K, Wood RA. The natural history of IgE-mediated cow's milk allergy. Journal of Allergy and Clinical Immunology. 2007;120(5):1172-7.

Saarinen KM, Pelkonen AS, Mäkelä MJ, Savilahti E. Clinical course and prognosis of cow's milk allergy are dependent on milk-specific IgE status. Journal of allergy and clinical immunology. 2005;116(4):869-75.

Stöger P, Wüthrich B. Type I allergy to cow milk proteins in adults. International archives of allergy and immunology. 1993;102(4):399-407.

Oryszczyn M-P, Annesi I, Neukirch F, Doré M-F, Kauffmann F. Longitudinal observations of serum IgE and skin prick test response. American journal of respiratory and critical care medicine. 1995;151(3):663-8.




DOI: http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2015.50007

Метрика на труд

Внесува метрика ...

Metrics powered by PLOS ALM

Refbacks



Печатарски права (c) 2015 Славица Христоманова Митковска

##submission.license.cc.by-nc-nd4.footer##



Издавач: АјДи Дизајн 2012/ДООЕЛ Скопје, Република Македонија