Акупунктурен третман при лумбална дискус хернија

Мартин (Martin) Каровски (Karovski), Јихе (Jihe) Зху (Zhu), Благица (Blagica) Арсовска (Arsovska), Кристина (Kristina) Козовска (Kozovska)

Извадок


ОСНОВА: Дискус хернијата е заболување кое доаѓа со стареењето, при што секогаш доаѓа до пролабирање и иритација на околните нерви, а конвенционалната медицина нуди инвазивни и болни третмани, како епидурални инјекции, лумбарна отворена микроскопска дисцектомија или лапароскопска операција на ‘рбетот. Акупунктурата со векови се користи како успешен третман при многу болести, а со развојот на медицината и подоброто познавање на патолошките состојби на организмот, сега и науката е во можност да ја докаже ефикасноста на овој, за пациентот, лесен, речиси безболен и неинвазивен третман, кој покрај терапевтското има и силно аналгетско дејство уште во првата фаза од лекувањето.

ЦЕЛ: Овој труд се обидува да ја докаже ефикасноста на третманот со акупунктура над дискус хернијата со цел алтернативно, помалку болно и понеинвазивно лекување на болеста.

МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Истражувањето е извршено на 30 пациенти, од кои сите се со симптоми на лумбална болка во ’рбетот, а сите од нив имаат дискус хернија, најчесто, 29 од нив, дискус херниа помеѓу пршлените Л4 и L5, а 26 од нив со хернија во комбинација L4, L5 и S1. При третманот изведувана е акупунктура на BL-24 (Qi Hai Su), BL-25 (Da Chang Shu), BL-26 (Guan Yan Shu), BL-27 (Xio Chang Shu), BL-28 (Pang Guang Shu), GB-30 (Huan Tiao), BL-40 (Wei Zhong), BL-57 (Cheng Shen), GB-37 (Guan Ming) и BL-60 (Kun Kun), во затворена просторија на собна температура од околу 25 степени Целзиусови.

РЕЗУЛТАТИ: Според статистиката очигледно е дека дискус хернијата е речиси подеднакво застапена кај двата пола, од 30 пациенти, 13 се жени, а 17 мажи. Бројот на терапии кај пациентите е различен, но просечно се потребни 8 терапии за лекување.

ЗАКЛУЧОК: Според истражувањето спроведено со овој труд, базирано врз основа на факти и докази, акупунктурата е успешен терапевтски третман за лекување на дискус хернијата.


Клучни зборови


лумбална дискус хернија; акупунктура; третман; акупунктурни точки

Комплетен текст:

PDF

References


Caspar W, et al. Lumbar Disc Adult Hydrocephalus, A New Surgical Procedure for Lumbar Disc Herniation Causing Less Tissue Damage Through a Microsurgical Approach, Berlin: Springer Berlin Heidelberg, 1977: pp 74-80.

Weinstein JN, et al. Surgical vs. nonoperative treatment for lumbar disk herniation: The spine patient outcomes research trial (SPORT): A randomized trial. JAMA. 2006;296(20): 2441-2450.

http://dx.doi.org/10.1001/jama.296.20.2441 PMid:17119140 PMCid:PMC2553805

Atlas SJ, et al. Long-term outcomes of surgical and nonsurgical management of sciatica secondary to a lumbar disc herniation: 10-year results from the Maine Lumbar Spine Study. Spine. 2005;30(8): 927-935. http://dx.doi.org/10.1097/01.brs.0000158954.68522.2a PMid:15834338

Longworth W, McCarthy P. Acupuncture treatment of lumbar disc related disorders. Acupunct Med. 1998; 16: 18-31. http://dx.doi.org/10.1136/aim.16.1.18

Zhu J, Arsovska B, Vasileva D, Petkovska S, Kozovska K. Acupoints for cervical spondylosis. Official Journal of the Bulgarian Society of Neurosonology and Cerebral Hemodynamics. 2015;11(2).




DOI: http://dx.doi.org/10.3889/mmej.2016.50025

Метрика на труд

Внесува метрика ...

Metrics powered by PLOS ALM

Refbacks

  • There are currently no refbacks.


Печатарски права (c) 2016 Мартин Каровски, Јихе Зху, Благица Арсовска, Кристина Козовска

##submission.license.cc.by-nc4.footer##



Издавач: АјДи Дизајн 2012/ДООЕЛ Скопје, Република Македонија