@article{Stevkovska_Nikodinovska-Vasilevska_2020, title={Tumescent technique as regional anesthesia}, volume={12}, url={https://id-press.eu/aph/article/view/4484}, DOI={10.3889/aph.2020.4484}, abstractNote={<p>Тумесцентната техника е техника на инфилтрација во супкутаното ткиво на голем волумен пуфериранфизиолошки раствор во кој е потопена мала концентрација лидокаин заедно со адреналин. Овој раствор лесно и безболно се инфилтрира и доведува до анестезија на поткожното ткиво од одредени телесни регии како абдоменотили натколеното,обезбедува помало крвавење за време на интервенциите изведувани на кожата и поткожното ткиво. Тумесцентната локална анестезија (ТЛА) е многу лесна и сигурна процедура, која широко се употребува во многу хируршки гранки. Целта на трудот беше да се направи проценка на вредноста на тумесцентната локална анестезија кај липосукција. Материјал и методи: Беа евалуирани 16 пациентки со средна возраст од 32 години(24-46), кај кои  беше извршена липосукција на една до три регии, односно на вкупно 27 регии. Во тек на интервенцијата се употреби тумесцентната техника; инфилтрација на раствор од 0,075% лидокаин со 1: 1.000.000 адреналин и 25 мл 8,4% бикарбонати во 1000 мл физиолошки раствор, средно инфилтриран раствор од 2506 мл (1600-5000), средна доза на лидокаин 25,9 мг/кг (18,9-50,6 мг/кг), вкупно средно инфилтриран лидокаин од 2010 мг (1360-4000мг). Резултати: ТЛА беше успешно реализирана; 68,8% (11) од пациентките беа среќни и задоволни, 12,5% (2) од пациентките имаа главоболка и вртоглавица, кај 12,5% (2) од пациентките беше сопрена интервенцијата поради силни болки, кај едната на една регија, кај другата на втората регија и кај 6,3% (1) од пациентките имаше лесни знаци за интоксикација со лидокаин. Немаше компликации кои бараа третман или хоспитализација, а немаше и смртен исход. Заклучок: Самостојно употребена тумесцентна локална анестезија во доза од 18-50мг/кг лидокаин кај правилно избрани пациенти е сигурна техника за регионална анестезија за процедури на поткожното масно ткиво.</p>}, number={1}, journal={Archives of Public Health}, author={Stevkovska, Mare and Nikodinovska-Vasilevska, Violeta}, year={2020}, month={Feb.}, pages={33–39} }