https://id-press.eu/mmej/issue/feed Македонско медицинско електронско списание 2020-10-24T06:57:43+00:00 Мирко Спироски mirkospiroski@id-press.eu Open Journal Systems Македонско медицинско електронско списание (ММЕС) е списание од областа на медицината и сродните науки кое се бави со објавување на статии од базична медицина, клиничка медицина, приказ на случаи, ревиски трудови, јавно здравство, историја на медицина, магистериуми и докторати на македонски јазик. https://id-press.eu/mmej/article/view/mmej.2016.50022 Сегашен научен придонес на македонските биомедицински списанија (2016) во базата Google Scholar анализирани со програмот Publish or Perish 2020-10-16T13:31:38+00:00 Мирко Спироски mspiroski@mjms.mk
ЦЕЛИ: Да се анализираат македонските биомедицински списанија во базата Google Scholar со програмот Publish or Perish, да се прикаже нивниот сегашен научен придонес, да се направи рангирање на списанијата и да им се дадат препораки за можностите на авторите каде да објавуваат.

МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ: Анализирани се биомедицинските списанија во Република Македонија вклучени во Македонското здружение за медицински уредници (МЗМУ). Податоците се добиени со употреба на програмот Publish or Perish кој ги анализира јавно достапните академски трудови во базата Google Scholar (11. Мај, 2016 година).

РЕЗУЛТАТИ: Од 38 списанија, само 25 имаат индексирано по еден или повеќе трудови во базата Google Scholar. Останатите 13 списанија немаат трудови во оваа база и не се вклучени во ова испитување. Најголем број цитирања во базата Google Scholar имаат списанијата Prilozi - MANU, 0351-3254 (1622); Macedonian Journal of Medical Sciences, 1857-5773 (838) и Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering, 1857-5552 (705).

ЗАКЛУЧОЦИ: Македонските биомедицински списанија имаат ограничено научно влијание, иако последниве години неколку списанија значително напредуваат и се присутни во повеќе значајни меѓународни бази за научни податоци. Неопходни се натамошни координирани напори преку МЗМУ за зголемување на научниот придонес на Македонските биомедицински списанија.
2016-05-30T00:00:00+00:00 Авторско право(c) 2016 Мирко Спироски https://id-press.eu/mmej/article/view/mmej.2016.50024 Хомоцистеинот – ризик фактор и предиктор во појавата на васкуларните компликации кај пациентите со дијабетес мелитус тип 2 2020-10-16T15:28:56+00:00 Ксенија Богоева-Костовска ksenijabogoeva@gmail.com Чедомир Димитровски cedo1@t-home.mk
ОСНОВА: Хомоцистеинот (Нсу) е амино киселина која содржи сулфур. Целото количество на хомоцистеин во организмот се формира преку циклусот на метилција од аминокиселината метионин, како основен и единствен извор на хомоцистеин. Во плазмата Нсу се наоѓа слободен само 1%, додека 70% се наоѓа врзан за албумините. Во метаболизмот на Нсу се инволвирани три ензими: метионин синтаза (МС), метилентетрихидрафолат редуктаза (МТХФР), цистатионин Б сентитаза (ЦБС) како и витамините B6, B12 и фолната киселина, како кофактори на овие ензими. Во случај на нарушување на метаболизмот на хомоцистеинот поради ензимски дефект или поради недостиг на некој интрацелуларен кофактор, доаѓа до акумулирање на Нсу во клетката и потоа до негово екскретирање и зголемување на нивоата во циркулацијата.

ЦЕЛ: Целта на ова истражување е да се добијат податоци со кои би се докажала корелацијата на плазма хомоцистеинот во однос на етиологијата на микроваскуларните и макроваскуларните комликации како и можноста за негова употреба како ран предиктор во дијагностиката на васкуларните компликации кај пациентите со дијабетес мелитус.

МЕТОДИ: Трудот претставува ретроспективно-проспективно истражување кое се одвиваше на клиниката за ендокринологија и болести на метаболизмот во Скопје. Студијата вклучи 80 пациенти со дијабетес мелитус 2. Регрутираните пациенти беа поделени во две групи: 50 пациенти со дијагностицирани васкуларни компликации и група од 30 пациенти без придружни компликации, која воедно е и контролна група.

РЕЗУЛТАТИ: Од обработката на податоците, помеѓу микроваскуларните компликации сигнификантно најзастапена беше нефропатијата со 32%, потоа ретинопатијата со 29% и микроалбуминуријата со 27.5%. Од макроваскуларните комликации сигнификантно и значајно најзастапени беа хипертензивната болест со процентуална застапеност од 31%, и периферната артериска болест со 12.50%. Високи вредности на хомоцистеин беа нотирани кај двете групите на пациенти со микроваскуларни и макроваскуларни компликации во однос на контролната група на пациенти, каде вредностите на хомоцистеин беа помеѓу нормалните граници.

ЗАКЛУЧОК: Хиперхомоцистеинемијата претставува ризик фактор во етиологијата на хронични компликации кај пациентите со дијабетес мелитус тип 2. Сепак, потребни се понатамошни истражувања кои би дале јасни податоци за влијанието на зголемените нивоа на хомоцистеин и неговата улога во оштетувањето на ендотелот на крвните садови и појава на долготрајни васкуларни компликации.
2016-03-09T00:00:00+00:00 Авторско право(c) 2016 Ксенија Богоева Костовска, Чедомир Димитровски https://id-press.eu/mmej/article/view/mmej.2016.50025 Акупунктурен третман при лумбална дискус хернија 2020-10-24T06:57:43+00:00 Мартин Каровски martin.karovski@australiamail.com Јихе Зху tcm.tongda.mk@gmail.com Благица Арсовска blagica25@gmail.com Кристина Козовска kika_1993_@hotmail.com
ОСНОВА: Дискус хернијата е заболување кое доаѓа со стареењето, при што секогаш доаѓа до пролабирање и иритација на околните нерви, а конвенционалната медицина нуди инвазивни и болни третмани, како епидурални инјекции, лумбарна отворена микроскопска дисцектомија или лапароскопска операција на ‘рбетот. Акупунктурата со векови се користи како успешен третман при многу болести, а со развојот на медицината и подоброто познавање на патолошките состојби на организмот, сега и науката е во можност да ја докаже ефикасноста на овој, за пациентот, лесен, речиси безболен и неинвазивен третман, кој покрај терапевтското има и силно аналгетско дејство уште во првата фаза од лекувањето.

ЦЕЛ: Овој труд се обидува да ја докаже ефикасноста на третманот со акупунктура над дискус хернијата со цел алтернативно, помалку болно и понеинвазивно лекување на болеста.

МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Истражувањето е извршено на 30 пациенти, од кои сите се со симптоми на лумбална болка во ’рбетот, а сите од нив имаат дискус хернија, најчесто, 29 од нив, дискус херниа помеѓу пршлените Л4 и L5, а 26 од нив со хернија во комбинација L4, L5 и S1. При третманот изведувана е акупунктура на BL-24 (Qi Hai Su), BL-25 (Da Chang Shu), BL-26 (Guan Yan Shu), BL-27 (Xio Chang Shu), BL-28 (Pang Guang Shu), GB-30 (Huan Tiao), BL-40 (Wei Zhong), BL-57 (Cheng Shen), GB-37 (Guan Ming) и BL-60 (Kun Kun), во затворена просторија на собна температура од околу 25 степени Целзиусови.

РЕЗУЛТАТИ: Според статистиката очигледно е дека дискус хернијата е речиси подеднакво застапена кај двата пола, од 30 пациенти, 13 се жени, а 17 мажи. Бројот на терапии кај пациентите е различен, но просечно се потребни 8 терапии за лекување.

ЗАКЛУЧОК: Според истражувањето спроведено со овој труд, базирано врз основа на факти и докази, акупунктурата е успешен терапевтски третман за лекување на дискус хернијата.
2016-04-25T00:00:00+00:00 Авторско право(c) 2016 Мартин Каровски, Јихе Зху, Благица Арсовска, Кристина Козовска https://id-press.eu/mmej/article/view/mmej.2016.50026 Ингвино-скротална хернија на мочен меур 2018-09-16T10:14:59+00:00 Антонио Глигориевски atglmed@gmail.com Иван Невчев inevcev@yahoo.com Горан Спиров goranspirov@gmail.com
Хернијацијата на мочниот меур преку ингвиналниот канал е ретка болест која бара хируршка интервенција. Како резултат на комбинација на слабост на абдоминалниот ѕиди зголемување на интраабдоминалниот притисок се јавува пролапс на мочниот меур во ингвиналниот канал и појава на ингвино-скротална хернија. Оваа појава е многу ретка и често погрешно се дијагностицира. Се јавува почесто кај постари мажи со зголемена телесна тежина и со симптоми на опструкција на дисталните уринарни патишата и уринарни инфекции. Симптомите вообичаено се од благи до умерени, поврзани се со отежнатото мокрење и уринарни инфекции, а доколку оваа состојба навремено не се лекува може да доведе до посериозни здравствени проблеми, па се до бубрежна инсуфициенција. CT со реконструкција во три рамнини е метода на избор во дијагностиката на ингвино-скроталните хернии на мочниот меур. Оваа метода овозможува јасен приказ на хернираниот дел од мочниот меур, а овозможува и детекција на содржината на килната кеса.
2021-03-27T00:00:00+00:00 Авторско право(c) 2016 Антонио Глигориевски, Иван Невчев, Горан Спиров https://id-press.eu/mmej/article/view/795 Инванзивен карцином на колон со метастаза на желудник 2016-06-13T11:48:08+00:00 Антонио Глигориевски atglmed@gmail.com Иван Невчев inevcev@yahoo.com Виолета Толевска drtolevska@yahoo.com
Желудникот е многу ретка метастатска локализација. Прикажуваме случај на метастатски депозит на желудник од карцином на колон. Kомпјутеризираната томографија (КT) укажуваше на примарен карцином на дебелото црево, но истовремено се детектира и карцином во предел на големата кривина и антрумот на желудникот. Со прогресија на примарниот карцином исоздавање на екстралуминална туморскамаса, процесот прогредира при што доаѓа до спојување на примарниот тумор на трансверзалниот дел на колонот со метастатскиот депозит во желудникот. Кај пациентот беше извршена субтотална гастректомија и Д2 лимфаденектомија, како и парцијална ресекција на колонот, при што, во еден акт е отстранета туморскатамаса на желудникот и трансверзалниот дел од колонот. Со патохистолошка анализа на туморот и со имунохистохемиски испитувања се утврди дека станува збор за примарен неоинфилтративен процес на колонот со метастаза на желудникот.
2016-06-13T00:00:00+00:00 Авторско право(c) 2016 Антонио Глигориевски, Иван Невчев, Виолета Толевска