Објавено 2018-11-12
Клучни зборови
- новороденче,
- социјална детерминанта,
- перинатален морбидитет.
Како да се цитира
Апстракт
Важноста на познавањето на степенот на влијание на социјалните детерминанти е од огромна важност за репродуктивната епидемиологија. Тие често претставуваат важни причини за здравствените нееднаквости во самите држави и помеѓу државите. Затоа, целта на ова истражување беше да се евалуираат 4 социјални детерминанти (степен на образование, вработеност, паритет и број на антенатални контроли) и нивното влијание врз два несакани перинатални исхода – недоносено новороденче (35-37 гестациска недела) и новороденче со мала родилна тежина во однос на гестациската старост (Small gor gestational age-SGA новороденче). Истражувањето е дел од поголема студија, и по дизајн беше проспективна кохортна студија. Користен е валидизиран прашалник и податоци, добиени од документацијата на мајката и детето. Од статистичките методи беше користено пресметување на релативен ризик, и потребен број третирани пациенти за обезбедување на еден добар исход. Резултатите покажаа силно влијание на степенот на образование на мајката врз двата неповолни исходи. Релативниот ризик за раѓање на недоносено дете во 35-37 гестациска недела доколку мајката има некомплетно образование изнесува 14,963 (95%CI 4,54-49,27) споредено со мајка со високо образование, а релативниот ризик за раѓање на SGA новороденче изнесува 3,204 (95%CI 2,12-4,84); кај невработена мајка ризикот за недоносено дете е 4,585 пати поголем отколку кај мајка со високо образование (95%CI 2,27-9,28), додека за SGA новороденче релативниот ризик изнесува 4,799 (95%CI 3,17-7,26). Отсутната антенатална контрола го зголемува релативниот ризик за недоносено дете на 1,293 (95%CI 0,67-2,47), а за SGA новороденчиња на 1,041 (95%CI 0,84-1,29) споредено со деца, родени од редовно контролирана бременост. Врз основа на резултатите, очигледно е дека разбирањето на социјалните детерминанти на здравствените приоритети е првиот и најважен чекор кон нивно постепено редуцирање, што претставува влезна точка за акција за да се постигнат здравствените цели. Затоа, се препорачува ваквиот тип истражувања да се спроведе мултицентрично, на голем примерок, земајќи предвид повеќе детерминанти, исходи и обработка со мултиваријантна анализа, за подобра статистичка значајност и креирање стратегии и активности за редукција на највлијателните социјални детерминанти и подобрување на перинаталниот исход на новородените деца.
Downloads
Референци
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. Стратегија за демографски политики на Република Македонија 2015-2024 година. 2015 стр. 4, 16-20.
- Kadir A. Qualitative exploration of the social determinants of child health in the Dwars River Valley, South Africa: London School of Hygiene and Tropical Medicine. 2013.
- Министерство за здравство на Република Македонија. Подобрување на здравјето на мајките и доенчињата, Стратегија за безбедно мајчинство 2010-2015 година, октомври. 2010: 4-7
- Државен центар за репродуктивно здравје во Република Македонија. Перинатолошки резултати во Република Македонија 2017 година. Скопје; 2018: 8-10.
- Gluckman PD, Hanson MA, Cooper C, Thornburg KL. Effect of in utero and early-life conditions on adult health and disease. New England Journal of Medicine 2008; 359(1): 61-73.
- Godfrey KM, & Barker DJ. Fetal programming and adult health. Public Health Nutr 2001; 4(2B), 611-624.
- World Health Organization. Web site: http://www.who.int/maternal_child_adolescent/topics/maternal/maternal_perinatal/en/. Accessed 15.05.2018
- American Academy for Pediatrics, American College for Obstetrics and Gynecology. Guidelines for perinatal care. 2012; 7th Edition, ISBN 978-1-58110-734-0 (AAP)—ISBN 978-1-934984-17-8 (ACOG) American Academy of Pediatrics. II. American College of Obstetricians. US 2012
- World Health Organization. World Health Statistics. Monitoring health for the SDGs, Sustainable Development Goals. ISBN 978-92-4-156548-6. 2017.
- MacDorman MF, Kirmeyer S, Wilson EC. Fetal and perinatal mortality, United States,. Natl Vital Stat Rep 2012; 60(8):1-22.
- Spiegelman D, Hertzmark E. Easy SAS calculations for risk or prevalence ratios and differences. Am J Epidemiol 2005;162:199–200.
- Saunders M, Barr B, McHale P, Hamelmann C. Key policies for addressing the social determinants of health and health inequities. Copenhagen: WHO Regional Office for Europe; 2017.
- Aliyu MH, Luke S, Wilson RE, Saidu R, Alio AP, Salihu HM, Belogolovkin V. Obesity in older mothers, gestational weight gain, and risk estimates for preterm phenotypes. Maturitas 2010; 66(1): 88-93
- Bhutta ZA, Lassi ZS, Blanc A, Donnay F. Linkages among reproductive health, maternal health, and perinatal outcomes. Semin Perinatol 2010; 34(6):434-45.
- Kadir A, Marais F, Desmond N. Community perceptions of the social determinants of child health in Western Cape, South Africa: neglect as a major predictor of child health and wellness. Paediatrics And International Child Health 2013; 33(4): 310-321.
- Nordstrom ML, Cnattingius S. Effects on birth weights of maternal education, socioeconomic status, and work related characteristics. Scand J Public Health 1996; 24(1):55–61.
- Cantarutti A, Franchi M, Compagnoni MM, Merlino L, Corrao G. Mother's education and the risk of several neonatal outcomes: An evidence from an Italian population-based study. BMC Pregnancy and Childbirth 2017;17(1):221
- Joffre M: Social inequalities in low birth weight: Timing of effects and selective mobility. Soc Sci Med 1989, 28(6):613–19.
- Nair M, Webster P, Ariana P. Impact of non-health policies on infant mortality through the social determinants pathway. Bull WHO 2011; 89 (778).
- Bhutta ZA, Cabral S, Chan CW, Keenan WJ. Reducing maternal, newborn, and infant mortality globally: An integrated action agenda. International Journal of Gynecology and Obstetrics 2012; 119 (Suppl 1): S13-17.
- Shah PS, Zao J, Ali S. Maternal marital status and birth outcomes: A systematic review and meta-analyses. Matern Child Health J 2011;15(7):1097-109.
- Tennant PWG, Rankin J, Bell R. Maternal body mass index and the risk of fetal and infant death: A cohort study from the North of England. Hum. Reprod 2011; 26: 1501–1511.
- Wallace ME, Harville EW. Predictors of healthy birth outcome in adolescents: a positive deviance approach. J Pediatr Adolesc Gynecol 2012; 25(5):314-21.
- Dubowitz L, Ricciw D, Mercuri E. The Dubowitz neurological examination of the full-term newborn. Ment Retard Dev Disabil Res Rev 2005; 11:52.
- Lee AC, Panchal P, Folger L, et al. Diagnostic accuracy of neonatal assessment for gestational age determination: A systematic review. Pediatrics 2017; 140.
- Chen L, Xiao L, Auger N, et al. Disparities and trends in birth outcomes, perinatal and infant mortality in aboriginal vs. non-aboriginal populations: A population-based Study in Quebec, Canada 1996–2010. Chen A, ed. PLoS ONE. 2015;10(9):e0138562.
- Egerter S, Braveman P, Sadegh-Nobari T, Grossman-Kahn R, Dekker M. Education and Health. Publisher: Robert Wood Johnson Foundation; 2011.
- Savitz DA, Olshan, AF. and Gallagher, K. Maternal Occupation and Pregnancy Outcome. Epidemiology 1996; 7 (3): 269-274.
- Usynina AA, Grjibovski AM, Odland JØ, Krettek A. Social correlates of term small for gestational age babies in a Russian Arctic setting. Int J Circumpolar Health 2016; 29:75.