Том. 10 Бр. 2 (2018): Архиви на јавно здравје
Приказ на случај

Bubble CPAP неинвазивна метода на вентилација во третман на ателектаза по кардиохируршка интервенција- приказ на случај

Христина Манџуковска
Универзитетска клиника за детски болести, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Република Северна Македонијd

Објавено 2018-11-12

Клучни зборови

  • bubble CPAP,
  • респираторен дистрес,
  • респираторна инсуфициенција,
  • вродена срцева мана

Како да се цитира

1.
Манџуковска Х. Bubble CPAP неинвазивна метода на вентилација во третман на ателектаза по кардиохируршка интервенција- приказ на случај . Arch Pub Health [Internet]. 2018 Nov. 12 [cited 2024 Dec. 18];10(2):82-6. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/2247

Апстракт

Bubble CPAP e едноставна, сигурна, неинвазивна, евтина метода на респираторна подршка кај предвремено и термински новородени деца. Апликација на континуиран позитивен притисок  на воздух (CPAP) кај новородени деца и доенчиња со респираторен дистрес овозможува намалување на респирaторната инсуфициенција, бројот на можни белодробни компликации и намалување на смртноста.  Case report:  Презентираме приказ на случај на доенче со вродена срцева мана- коарктација на аорта. Кај доенчето, на возраст од две недели беше реализирана кардиохируршка интервенција. Во постоперативниот период настапи влошување на општата состојба со респираторна инсуфициенција. Напорите за екстубацијата  беа неуспешни заради присуство на ателектаза. По поставување на доенчето на  bubble CPAP, ателектазата комплетно исчезна. Заклучок: Употребата на  bubble CPAP е ефективна  како и останатите постапки  на неинвазивна вентилација, го намалува престојот во болнички услови, и е оптимална алтернатива во третман на респираторната инсуфициенција

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Wung JT, Driscoll JM Jr, Epstein RA, Hyman AI. A new device for CPAP by nasal route. Crit Care Med1975;3:76–78.
  2. Chisti MJ, Salam MA, Smith JH, et al. Bubble continuous positive airway pressure for children with severe pneumonia and hypoxaemia in Bangladesh: an open, randomized controlled trial. Lancet 2015; 386:1057-1065.
  3. Tagare A, Kadam S, Vaidya U, et al. A pilot study of comparison of BCPAP vs. VCPAP in preterm infants with early onset respiratory distress. J Trop Pediatr 2010;56(3):191-4.
  4. Davis PG, Morley CJ, Owen LS. Non-invasive respiratory support of preterm neonates with respiratory distress: Continuous positive airway pressure and nasal intermittent positive pressure ventilation. Sem Fetal Neonatal Med. 2009;14(1):14–20.
  5. Morley CJ, Davis PG, Doyle LW, et al. Nasal CPAP or intubation at birth for very preterm infants. N Engl J Med. 2008;358(7):700–8.
  6. Koti J, Murki S, Gaddam P, et al. Bubble CPAP for respiratory distress syndrome in preterm infants. Indian Pediatr 2010;47(2):139-43.
  7. Shroufi A, Chowdhury R, Anchala R, Stevens S, Blanco P, Han T, et al. Cost effective interventions for the prevention of cardiovascular disease in low and middle income countries: a systematic review. BMC Public Health 2013; 13: 285.
  8. Kirsten GF, Kirsten CL, Henning PA, Smith J, Holgate SL, Bekker A, et al. The outcome of ELBW infants treated with NCPAP and InSurE in a resource-limited institution. Pediatrics 2012; 129(4): e952–e959.