Том. 11 Бр. 1 (2019): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Подобрување на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија

Мухамед Таири
Факултет на медицински науки, Државен универзитет во Тетово, Република Северна Македонија
Фимка Тозија
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија; Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2019-04-07

Клучни зборови

  • човекови права,
  • пациенти,
  • легислатива,
  • здравствена заштита,
  • имплементација

Како да се цитира

1.
Таири М, Тозија Ф. Подобрување на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија . Arch Pub Health [Internet]. 2019 Apr. 7 [cited 2024 Dec. 18];11(1):6-19. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/2842

Апстракт

Правата на пациентите произлегуваат од општите човекови права и се важен сегмент во процесот на ,,европеизација“ на Република Македонија. Главна цел на оваа студија беше да се анализира легислативната рамка на човековите права во здравствената заштита во Република Македонија и имплементацијата во пракса. Материјал и методи:  Студијата е дизајнирана како дескриптивно–аналитичка студија на пресек, во која беше применет јавноздравствен пристап, информатичко-аналитичен метод и метод на синтеза на евиденција (evidence synthesis) за анализа на релевантната легислатива. Беше спроведено  анкетно истражување на репрезентативен стратифициран примерок на пациенти во Полошкиот Регион, во период од два месеци, октомври-ноември во 2017 година, во Клиничката болница во Тетово и Општата болница во Гостивар. Резултати: Беше анализиран правниот систем на Република Македонија и беше спореден со 6 држави во транзиција, кои претрпеа низа суштински реформи во последниве години. Легислативната рамка во Република Македонија претставува сеопфатна рамка за заштита на правата на пациентот, со која на пациентот му се загарантирани законски права во процесот на лекувањето, почитувањето и заштитата на неговата личност и интегритет. Во овој труд имплементацијата на правата на пациентите во пракса беше анализирана преку имплементацијата на две права на пациентите, и тоа: право на информираност за препорачаните медицински интервенции и право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција. 85,2% од анкетираните пациенти имале информации за правото на информираност за препорачаните медицински интервенции, а 14,8% немале. 72,1% од анкетираните пациенти имале лично искуство за ова право, додека 27,9% немале. Во однос на правото на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција, 77% од анкетираните пациенти имале информации за ова право, а 23% немале. Значително помало беше личното искуство за ова право, односно само 32,8% од анкетираните пациенти имале лично искуство, а 67,2% немале. Разликите беа сигнификантни во одговорите за двете права, и за информацијата и за личното искуство. Заклучок: Човековите права во здравствената заштита во Република Македонија се рефлектирани во националната легислатива која е хармонизирана со европската и меѓународната. Меѓутоа,  потребно е подобрување на имплементацијата на правата на пациентите во пракса, преку подигнување на свеста на граѓаните за познавање на правата на пациентите и поттикнување на медицинскиот персонал за почитување на правата на пациентите

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Устав на Светска здравствена организација. Достапно на: http://www.who.int/governance/eb/who_constitution_en.pdf, Посетено на 04.05.2018
  2. Караџинска Бислимовска Ј. и сор. Човековите права во здравствената заштита: прирачник за практичари: Скопје: Медицински факултет; ЦРИС Студиорум, 2010
  3. Закон за здравствена заштита Службен весник на Република Македонија бр. 43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016
  4. European Charter of Patient Rights. Достапно на: http://ec.europa.eu/health/ph_overview/co_operation/mobility/docs/health_services_co108_en.pdf Посетено на 18.06.2018
  5. Universal Decalaration for Human Rights. Достапно на: http://www.ohchr.org/EN/UDHR/Documents/UDHR_Translations/eng.pdf посетено на 15.05.2018
  6. Устав на Република Македонија. Собрание на Република Македонија. Скопје, 1991
  7. Закон за заштита на правата на пациентите. Службен весник на Република Македпнија бр.82/2008, 12/2009, 53/2011
  8. Закон за здравствено осигурување. Службен весник на Република Македонија бр. 25/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013
  9. Закон за јавно здравје. Службен весник на Република Македонија бр. 22/2010, 136/2011
  10. Закон за ментално здравје. Службен весник на Република Македпнија бр. 71/2006
  11. Advancing Human Rights in Patient Care: The Law in Seven Transitional Countries. Достапно на: https://www.opensocietyfoundations.org/sites/default/files/Advancing-Human-Rights-in-Patient-Care-20130516.pdf Посетено на 30.06.2018
  12. Patient’s Rights Act, 1996. Достапно на:http://www.iracm.com/wp-content/uploads/2013/01/loi-sur-les-brevets-1996-anglais-3539.pdf Посетено на 31.05. 2018
  13. Health and Human Rights Resource Guide. Open Society Institute, 2013 Достапно на: https://cdn2.sph.harvard.edu/wp-content/uploads/sites/25/2014/06/HHRRG_Introduction.pdf Посетено на: 31.03.2018
  14. Charter of Fundamental Rights of the European Union. Достапно на: http://www.europarl.europa.eu/charter/pdf/text_en.pdf Посетено на 01.06.2018г.
  15. European Social Charter (ESC). Достапно на: https://www.coe.int/en/web/turin-european-social-charter Посетено на 01.06.2018
  16. Health Rights: Human Rights in Patient Care Home Page. Достапно на: www.health-rights.org Пристапено на 31 март 2018
  17. Convention on the Rights of the Child (CRC).United Nations (UN) General Assembly Reso-lution 44/25. November 20, 1989
  18. Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women (CEDAW). UN General Assembley, New York, 18 December 1979
  19. Convention on the Rights of Persons with Disabilities (CRPD). UN General Assembly Reso-lution. December 13, 2006
  20. International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights (ICESCR). United Nations General Assembly Resolution 2200A[XXI]. December 16, 1966
  21. Pecelj G., Tozija F., Hajiof S. Health Care System in Transition profile (HIT) on The Former Yugoslav Republic of Macedonia. Observatory. 2000
  22. The former Yugoslav Republic of Macedonia Health system review. Observatory. Health Systems in Transition Vol. 8 No. 2 2006
  23. Lazarevik V. Policy Interventions to Tackle Health Inequalities in Macedonia: Patient rights and reference pricing of pharmaceuticals. Macedonian J of Med Sci. 2010; 3(1):57-60.
  24. The former Yugoslav Republic of Macedonia Health system review. Health Systems in Tran-sition. Observatory 2017;19 (3)
  25. European Commission. Enlargement: Candidate countries. FYR Macedonia–Country profile. Достапно на: https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/countries/detailed-country-information/fyrom_en Посетено на 31.05. 2018
  26. Conclusions on the former Yugoslav Republic of Macedonia. In Communication from the Commission to the European Parliament and the Council “Enlargement Strategy and Main Challenges 2011-2012. COM 2011:666 final.
  27. Human Rights in Patient Care: Practitioner Guides. Достапно на: http://cop.health-rights.org/PractitionerGuides Посетено на 01.08.2018
  28. European Convention on Human Rights. Council of Europe. Достапно на http://www.echr.coe.int/Documents/Convention_ENG.pdf Пристапено на 11.08. 2018.
  29. Таири М., Тозија Ф., Адеми В. Легислативната рамка за правата на пациентите во Република Македонија.. MEDICUS. ISSN 1409-6366 UDC 61 Vol 22 (2) 2017: 230-237
  30. Извештај за спроведување на законот за заштита на правата на пациентите со фокус на механизмите за заштита на правата на пациентите. ЕСЕ. Скопје,2013
  31. International Covenant on Civil and Political Rights. United Nations General Assembly Res-olution 2200A [XX1]. 16 December 1966
  32. Charter on the Right to Health. International Union of Lawyers. UIA General Assembly. 31 August 2005
  33. Declaration on the Rights of the Patient. World Medical Association. WMA Assembly Sep-tember/October 1981