Евалуација на влијанието на алкохолизмот како социомедицински фактор врз појавата на мозочните крвавења
Објавено 2019-04-06
Клучни зборови
- алкохолизам,
- мозочни крвавења,
- хипертензија,
- атеросклероза,
- ризик-фактори
- јавноздравствен аспект ...Повеќе
Како да се цитира
Апстракт
Цел на трудот: Да се утврди влијанието на консумирањето алкохол во појавата и лекувањето на хипертензивните мозочни крвавења и штетните последици врз морбидитетот и морталитетот на пациентите. Материјал и методи: Беше изведена ретроспективна студија кај 61 пациент на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија од 2011 до 2016 год. со различни манифестации на мозочни крвавења. Пациентите беа поделени во 2 групи: со и без нагласени ризик-фактори.Во групата со нагласени ризик-фактори се утврди дека 15 испитаници консумирале алкохол.Беа испитувани следниве варијабли: пол, возраст, волумен на крвавењето, компресија, исход на лекувањето и функционална мобилност. Резултати: Резултатите укажуваат дека алкохолизмот значително влијае на појавата на мозочните крвавења, особено кај болните што консумираат повеќе од 200 ml алкохол дневно. Најверојатна причина е оштетувањето на црниот дроб и нарушувањето на хемостазата. Заклучок: Алкохолизмот како социомедицински фактор има сигнификантна улога во појавата на мозочните крвавења
Downloads
Референци
- Casolla B, Dequatre – Ponchelle N, Rossi C, Henon H, Leys D. Heavy alcohol intake and intracerebral hemorrhage. Neurology 2012; 79(11):1109-1115
- Институт за јавно здравје. Информација за состојбата со болестите на зависност во Република Македонија, 2015-2016, Скопје.
- Weisberg LA. Alcoholic intracerebral hemorrhage. Stroke 1988; 19(12): 1565-1569.
- Панговски Иван. Фреквенција и значење на социо-медицинските ризик фактори во превенција на спонтаните хипертензивни мозочни крварења. Магистерски труд, 2016. Медицински факултет – Скопје.
- Gebel JM, Jauch EC, Brott TG, Jane K, Sauerbeck L, Salisbury S, et al. Relative edema volume is a predictor of outcome in patients with hyperacute intracerebral hemorrhage. Stroke 2002; 33 (11): 2636-2641
- Ching – Jen C, Brown W M, MoomawC J, Langefeld C, Osborne J, Worrall B B, et al. Alcohol use and risk of intracerebral hemorrhage. Neurology 2017; 88(21):2043-2051.
- Juvela S. Alcohol abuse and hemorrhagic stroke. In book: Alcohol and heart disease, Publisher: Taylor & Francis, London, Editors: Watson RR, Myers AK, pp. 58-71. University of Helsinki, Helsinki, Finland
- Панговски И, Шумковски Р, Гавриловска A, Рендевски В, Панговски Ив. Важноста, Aктуелноста и значењето на лекувањето на спонтаните интрацербрални хематоми. Зборник на трудови. Неврохируршки симпозиум за интрацеребрални крварења, Скопје 2010
- Indira Y, Muralidhar MV, Munisekhar K. Role of smoking and alcoholism in cerebrovascular accidents. International Journal of Physiotherapy and research 2014; 2(3):530-536
- Gever J, Senior Editor, Med Page Today, 25 June, 2009. Heavy daily drinking boosts chances of lethal brain hemorrhage. Available at https://www.medpagetoday.org/criticalcare/strokes/14868
- Herzig R, Urbanek K., Vlachova I., Schneiderka P, Mares J. The Role of Chronic alcohol intake in patients with spontaneous intracranial hemorrhage: A Carbohydrate – Deficient Transferin Study. Cerebrovasc Dis 2003; 15:22-28.
- Klatsky A L, Armstrong M A, Friedman G D, Sidney S. Alcohol drinking and risk of hemorrhagic stroke. Neuroepidemiology 2002; 21:115-122.
- Costa P, Grassi M, Iacoviello L, Zedde M. Alcohol intake and the risk of intracerebral hemorrhage in the elderly, The MUCH – Italy. Neurology 2018; 91(3):e227-e235.