Том. 10 Бр. 2 (2018): Архиви на јавно здравје
Орално здравје

Корелацијата помеѓу КЕП индексот на 12-годишните деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од Вардарскиот регион на Република Македонија

Весна Амбаркова
Клиника за детска и превентивна стоматологија, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје

Објавено 2018-11-12

Клучни зборови

  • дентален кариес,
  • школски деца,
  • вода за пиење,
  • флуор,
  • КЕП индекс

Како да се цитира

1.
Амбаркова В. Корелацијата помеѓу КЕП индексот на 12-годишните деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од Вардарскиот регион на Република Македонија. Arch Pub Health [Internet]. 2018 Nov. 12 [cited 2024 Dec. 18];10(2):5-13. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/2236

Апстракт

Целта на оваа студија беше да се утврди корелацијата помеѓу КЕП индексот на 12-годишните деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од населените места каде што децата живеат. Материјал и методи: Во испитувањето беа опфатени 85 ученици, од 2 централни и 2 подрачни основни училишта, на кои им се одреди просечниот КЕП (кариес, екстракција, пломба) индекс. Децата живеат во 4 различни градови и 15 различни села. Деветнаесет примероци на вода беа земени од испитуваната област за да се одреди концентрацијата на флуор со помош на електрохемиски метод користејќи го јонометарот (pH/ISE meter-Thermo-Orion) со специјална Ф-електрода (Thermo Orion Ion Plus Fluoride Electrode) на Институтот за јавно здравје. За одредување на корелацијата помеѓу одредените варијабли беше користен Spearman-овиот метод. Резултати: Вкупниот број деца во испитуваниот примерок изнесуваше 85, од кои 45 (52,94%) беа од женски и 40 (47,06%) од машки пол. Просечниот КЕП индекс кај оваа група деца изнесуваше 2,75, со стандардна девијација од ±2,56. Максимални концентрации на флуор во водата за пиење од 0,39 ppmF беа утврдени во селото Виничани, додека минимални (0,17 ppmF) во градот Велес и (0,20 ppmF) во селото Мелница. Корелацијата помеѓу вредноста на КЕП индексот кај децата од 12 години од Вардарскиот регион и концентрацијата на флуорот во водата за пиење постои негативна, индиректна корелација, со вредност на коефициентот r =- 0,393. Заклучок: Корелацијата помеѓу КЕП индексот и концентрацијата на водата за пиење е негативна, индиректна корелација, а статистички високо сигнификантна, односно оваа корелација е значајна (<0,01).

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Pizzo G, Piscopo MR, Pizzo I, Giuliana G. Community water fluoridation and caries prevention: A critical review. Clin Oral Invest 2007; 11:189-93.
  2. Kulkarni SS, Deshpande SD. Caries prevalence and treatment needs in 11-15 year old children of Belgaum city. J Indian Soc Pedo Prev Dent 2002; 20:12-15.
  3. Devaranavadagi BB, Satishkumar, Chandrakanth KH. Fluoride- A double edged sword. Anal Med 2007;10:12.
  4. Sharma A, Gupta A, Gupta S. Dental caries prevalence in endemic fluoride areas of Haryana State, India. J Indian Dent Assoc 1998;69:97-99.
  5. Царчев М, Ѓорѓев Д, Нечева Љ, Доцевска В, Филјански П. Флуорот во водата за пиење и кариес фреквенцијата во ендемски подрачја на Македонија. Мак Стом Преглед 1992;16(1):51-57.
  6. WHO: Guidelines for drinking water quality. 4th ed. 2011. Available from:
  7. www.who.int/docstorewater sanitation health/GDWQ/Updating/draftguid.htm
  8. Markovic N, Muratbegovic AA. Oral health in Bosnia and Herzegovina Schoolchildren-Findings of first national survey. Austin J Dermatol. 2014;1(3):4.
  9. Hysi D, Droboniku E, Toti Ç, Xhemnica L, Petrela E. Dental caries experience and oral health behavior among 12-year-olds in the city of Tirana, Albania. Oral Health and Dental Management in the Black Sea Countries, 2010;9(4):229-234.
  10. Djuričković M, Ivanović M. Stanje oralnog zdravja kod dece uzrasta od 12 godina u Crnoj Gori. Vojnosanit Pregl 2011; 68 (7): 550-555.
  11. Matijević S. Povezanost navika u zdravlju i prisustvo oralne patologije kod dece u Crnoj Gori. Acta Stomatologica Naissi 2009; 25(59):869-882.
  12. WHO: Fluorine & Fluorides. Environmental Health Criteria 36, World Health Organization, Geneva; 1984.
  13. Ѓорѓев Д, Нечева Љ, Фиљански П, Колевска Л, Пасху М, Царчев М, Доцевска В. Некои аспекти на нутритивниот и стоматолошкиот статус кај школски деца во ендемско-флуоротични зони во СР Македонија. Мак Мед Преглед 1989; (3-4):83-85.
  14. Тавчиовски И, Рафајловски Р, Стевановиќ М, Кедеров П, Стојановски Ј, Ников Б. Повеќекратно испитување на соодносот помеѓу забниот кариес и флуор концентрацијата во водата за пиење. Мак Стом Преглед 1979;III(4):209-214.
  15. Ambarkova V, Topitsoglou V, Iljovska S, Jankulovska M, Pavlevska M. Fluorine Content of Drinking Water in Relation to the Geological-Petrographical Formations From FYROM. Balk. J. Stom 2007; 11:163-166.
  16. Амбаркова В, Topitsoglou V, Иљовска С, Царчев M. Природно флуорирани води за пиење од Р. Македонија. Мак. Стом. Преглед 2005; 29 (3-4): 177-182.
  17. Колевска Л, Фиљански П, Цветкоска Т, Ѓoрѓев Д, Mитриќеска M. Содржина на флуор во водите за пиење во С.Р.Македонија. Мак. Мед. Преглед 1985; 3-4:103-106.
  18. Narbutaité J, Vehkalahti MM, Milciuviené S. Dental fluorosis and dental caries among 12-year-old children from high- and low-fluoride areas in Lithuania. Eur J Oral Sci 2007; 115 (2):137-42.
  19. Амбаркова В, Topitsoglou V, Иљовска С, Сијакова-Иванова T, Јанкуловска M, Павлевска M, Кокочева O. Релацијата меѓу содржината на флуор во водата и геолошките формации. Мак Стом Преглед 2008; 32 (1-2): 1-7.
  20. Царчев М, Милошевски Б, Спирковски В, Гетова Б, Саракинова О, Павлевска М, Нечаковска Т, Јаневска С, Џафери А, Аљиљи Ш, Созовска Е, Петановски Х, Амбаркова В. Прирачник за спроведување на националната стратегија за превенција на оралните заболувања кај децата од 0-14 год. Во Република Македонија. Министерство за здравство, Сектор за стоматолошка здравствена заштита. Скопје, 2010.
  21. Wennhall I, Norlund A, Matsson L, Twetman S. Cost-analysis of an oral health outreach program for preschool children in a low socioeconomic multicultural area in Sweden. Swed Dent J 2010;34(1):1-7.
  22. Johansson I, Holgerson PL, Kressin NR, Nunn ME, Tanner AC. Snacking habits and caries in young children. Caries Res 2010;44(5):421-430.
  23. Bruno-Ambrosius K, Swanholm G, Twetman S. Eating habits, smoking and toothbrushing in relation to dental caries: a 3-year study in Swedish female teenagers. Int J Paediatr Dent 2005;15(3):190-6.
  24. Adair PM, Pine CM, Burnside G, Nicoll AD, Gillett A, Anwar S, et al. Familial and cultural perceptions and beliefs of oral hygiene and dietary practices among ethnically and socio-economically diverse groups. Community Dent Health 2004;21(1 Suppl):102-111.
  25. Mattila ML, Rautava P, Aromaa M, Ojanlatva A, Paunio P, Hyssala L, et al. Behavioural and demographic factors during early childhood and poor dental health at 10 years of age. Caries Res 2005;39(2):85-91.
  26. Poutanen R, Lahti S, Seppa L, Tolvanen M, Hausen H. Oral health related knowledge, attitudes, behavior, and family characteristics among Finnish schoolchildren with and without active initial caries lesions. Acta Odontol Scand 2007; 65(2):87-96.
  27. World Health Organization. The World Health Report 2002. Reducing risks, Promoting Healthy Life. Geneva: World Health Organization, 2002.
  28. Barmes DE. Indicators for oral health and their implications for developing countries. Int Dent J 1983, 33:60-66.