Том. 12 Бр. 1 (2020): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Проценка на здравствениот ризик од водата за пиење во релација со болести поврзани со водата

Михаил Кочубовски
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Александра Стамболиева
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Анета Костова
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Елена Чибишева
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Жарко Караџовски
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2020-01-17

Клучни зборови

  • вода за пиење,
  • проценка на здравствен ризик,
  • безбедност,
  • болести поврзани со водата

Како да се цитира

1.
Кочубовски М, Стамболиева А, Костова А, Чибишева Е, Караџовски Ж. Проценка на здравствениот ризик од водата за пиење во релација со болести поврзани со водата. Arch Pub Health [Internet]. 2020 Jan. 17 [cited 2024 Dec. 18];12(1):40-8. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/4324

Апстракт

Безбедна и здравствено исправна вода за пиење во доволни количини обезбедена на потрошувачите ги подобрува условите за живот, ја подигнува на повисоко ниво здравствената култура и ја унапредува животната средина во целост. Цел на трудот е да се утврди дали постои поврзаност помеѓу неисправните примероци вода со цревните заразни болести поврзани со водата за пиење. Материјали и методи: Со изготвувањето на Републичкиот компјутерски програм (1996 година) за издавање на лабораториски наоди (РКП) од извршени анализи на примероци вода за пиење (физичко-хемиски и бактериолошки), согласно методологијата за примена на матични броеви во компјутерскиот систем во Центрите за јавно здравје е создадена основа за целосна здравствена евиденција на објектите за водоснабдување со вода за пиење кои се под здравствен надзор за територијата на целата Република. Извршена е евалуација на резултатите од основната физичко-хемиска и бактериолошка анализа на водата за пиење во населените места од Република Северна Македонија и на болестите поврзани со водата за пиење-цревните заразни заболувања од хидрично потекло во период 2014-2018 година. Резултати:  Водата за пиење од градските водоводи во горенаведениот период во однос на физичко-хемиската анализа се движела во опсег 2,9-4,3%, додека во однос на бактериолошката анализа 0,9-2,6%. Цревните заразни заболувања од хидрично потекло прикажуваат опаѓање на нивната инциденција во 2018 година. Заклучок: Согласно регистрираните податоци од физичко-хемиската и бактериолошката анализа водата за пиење од градските водоснабдителни системи во периодот 2014-2018 година била безбедна. Според обработените податоци пристап до безбедна вода за пиење на населението изнесувал 97% до 2018 година, што ја рангира земјата во групата земји во светот со највисок пристап да безбедна вода за пиење и не се забележува значителна поврзаност со болестите поврзани со водата за пиење.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Ѓорѓев Д, Кочубовски М, Кендровски В, Ристовска Г. Хигиена и здравствена екологија. Скопје: Медицински факултет, 2008; 71-108.
  2. Sustainable development goals. Available from: https://sustainabledevelopment.un.org/?menu=1300. Посетено на 16.06.2019
  3. The human right to water and sanitation. Available from: https://www.un.org/waterforlifedecade/human_right_to_water.shtml. Посетено на 16.06.2019
  4. Правилник за безбедноста на водата (Службен весник на РМ бр. 46/08).
  5. Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр. 183/18).
  6. Извештај за реализација на националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2014 година.
  7. Извештај за реализација на националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2015 година.
  8. Извештај за реализација на националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2016 година.
  9. Извештај за реализација на националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2017 година.
  10. Извештај за реализација на националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2018 година.
  11. Закон за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на РМ бр. 66/04 и 149/14).
  12. World Health Organization. Technical guidance on water-related disease surveillance. Copenhagen; 2011: 78-91.
  13. World Health Organization. Policy guidance on water-related disease surveillance. Copenhagen; 2011: 1-28.
  14. Светска здравствена организација и Министерство за здравство на РСМ. Поврзаноста на климатските промени и инфективните заболувања - Прирачник за здравствени работници. Скопје; 2011: 13-20. CIP 613.1:616.9(035).