Том. 12 Бр. 3 (2020): Архиви на јавно здравје
Клинички истражувања

Клинички карактеристики на КОВИД-19 кај децата во Институтот за белодробни болести кај децата-Скопје

Татјана Јаќовска Марети
Институт за белодробни болести кај децата, Скопје, Република Северна Македонија
Ангелчо Андоновски
Институт за белодробни болести кај децата, Скопје, Република Северна Македонија
Ели Стојанова
Институт за белодробни болести кај децата, Скопје, Република Северна Македонија
Билјана Какараскоска-Боцеска
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија

Објавено 2020-12-15

Клучни зборови

  • COVID -19,
  • белодробна болест,
  • деца,
  • real-time reverse transcription polymerase chain reaction,
  • макролиди

Како да се цитира

1.
Јаќовска Марети Т, Андоновски А, Стојанова Е, Какараскоска-Боцеска Б. Клинички карактеристики на КОВИД-19 кај децата во Институтот за белодробни болести кај децата-Скопје. Arch Pub Health [Internet]. 2020 Dec. 15 [cited 2024 Dec. 18];12(3):39-45. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/5413

Апстракт

Цел на трудот беше да се евалуираат клиничките карактеристики на COVID -19 и успехот на терапијата кај децата. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 218 педијатриски пациенти суспектни за COVID-19 инфекција, хоспитализирани во Институтот по белодробни заболувања кај децата-Козле, во период од 16-ти март до 19-ти јуни 2020 година. Сите пациенти беа тестирани за SARS-CoV-2 вирус во назофарингеален брис со real-time reverse transcription polymerase chain reaction (RT-PCR)  во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Клинички симптоми, рендгенграфии и лабораториски параметри беа вклучени во студијата. Резултати: Од вкупно 218 хоспитализирани пациенти, само 9 (4,13% ) беа со позитивен резултат за COVID -19. Од испитаните пациенти 59% беа машки. Доенчиња под една година со потешка клиничка слика беа 44,4%. Сите позитивни пациенти беа со средно тешки симптоми. 66,6% од хоспитализираните деца беа со покачена температура и пулмонални симптоми и 22,2% манифестираа гастроинтестинални симптоми. Макролидите беа лек на избор кај 88%, а 77% примаа интравенска терапија и 33% инхалирачки бронходилататор. Заклучок: Мал број деца беа инфицирани со COVID -19. Сите позитивни пациенти беа со средно тешки симптоми, и дадоа добар одговор на спроведениот третман. Сепак, влијанието на овој вирус врз понатамошното здравје на децата како и улогата на децата во пренесување на вирусот останува недоволно познато.

Downloads

Download data is not yet available.