Том. 13 Бр. 1 (2021): Архиви на јавно здравје
Клинички истражувања

Најчести бактериски изолати од примероци од рани – тригодишна студија

Ана Кафтанџиева
Институт за микорбиологија и паразитологија, Медицински Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје

Објавено 2021-06-20

Клучни зборови

  • примероци од рани, резистентни бактерии, Staphylococcus aureus, карбапенем-резистентни бактерии

Како да се цитира

1.
Кафтанџиева А, Костовски М, Мехмети Б, Мирчевска Г. Најчести бактериски изолати од примероци од рани – тригодишна студија. Arch Pub Health [Internet]. 2021 Jun. 20 [cited 2024 Dec. 18];13(1):77-90. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/5736

Апстракт

Цел: Цел на студијата е да се детектираат најчестите бактерии изолирани од примероци од рани и да се спореди процентот на резистентни бактерии во тригодишниот период. Материјал и методи: Во период од три години (2017-2019) беа земени вкупно  11 863 примероци од рани (брисеви, пунктати, ексудати, ткиво и др.) од пациенти хоспитализирани во Универзитетските клиники во кампусот ,,Мајка Тереза”, Градската болница ,,8. Септември” Универзитетската клиника за хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” во Скопје. Сите примероци беа обработени на Институтот за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет, Скопје. За обработка беа користени стандардни микробиолошки техники. Идентификацијата на бактериите, како и одредување на нивната осетливост кон антимикробни средства беше направена со стандардни и автоматизирани методи (Vitek 2- систем).  Резултати: Од вкупниот број на примероци кој изнесуваше  3 463 во  2017, 4 127 во 2018 и 4 273 во 2019 год., позитивни беа 2 068 (60%), 2 302 (55,8%) и 2 387 (55,9%), последователно. Од вкупниот број аероби/факултативно анаероби (2 758, 2 949 и 3 279 во три последователни години, 2017, 2018 и 2019 год.), најчесто изолирана беше бактеријата Staphylococcus aureus (19,5%, 16,6% и 16,9%), потоа Enterococcus spp (16%, 16% и 16,7%), Pseudomonas aeruginosa (12%, 13% и  12,7%) и E. coli (10%, 10,4% и 10,7%). Од анаеробните бактерии, беше детектирано намалување на процентот на Грам-позитивните анаероби (Peptostreptococcus) од 33% на 18%, од вкупиот број на анаероби, за разлика од Грам-негативните анаероби каде беше детектирано зголемување на тој процент, особено кај бактериите од родот Bacteroides (од 39% на 45%). Процентот на резистентни соеви (MRSA, CNS-MR и VRE) беше речиси идентичен во испитуваниот период. Кај Грам-негативните бактерии, беше детектирано зголемување на процентот на ESBL-позитивни изолати на E. coli и Enterobacter spp. во периодот од 2017 до 2019, а кај  Klebsiella pneumoniaе во периодот од 2017 и 2018 имаше зголемување, а во 2019 намалување на тој процент. Во однос на карбапенем-резистентните (CR) ентеробактерии, кај К. pneumoniae беше детектирано зголемување на процентот на резистентни изолати во сите три години, додека, пак, кај Enterobacter spp. тој процентот беше повисок меѓу 2017 и 2018, а во 2019 год. статистички значајно понизок. Процентот на CR- изолати на Pseudomonas aeruginosa беше помеѓу 30% и 38%, а за Acinetobacter spp. овој процент беше меѓу 81% и 85%. Заклучок: Потребно е континуирано мониторирање на најчесто изолираните бактерии од примероците од рани, особено присуството на резистентни бактерии, со цел примена на соодветни алгоритми и водичи за ефективен третман на инфекциите на рани.  

Downloads

Download data is not yet available.