Том. 13 Бр. 2 (2021): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Приоритизација на зоонозите во Република Северна Македонија – дали е потребен пристап на Едно Здравје

Блажо Јаневски
Агенција за храна и ветеринарство, Скопје, Република Северна Македонија
Фимка Тозија
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија; Универзитет Св. Кирил и Методиј, Медицински факултет, Скопје, Република Северна Македонија
Гордана Ристовска
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија; Универзитет Св. Кирил и Методиј, Медицински факултет, Скопје, Република Северна Македонија
Владимир Микиќ
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Василка Попоска-Тренеска
Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет по ветеринарна медицина, Скопје, Рeпублика Северна Македонија

Објавено 2021-11-20

Клучни зборови

  • зоонози,
  • приоритизација,
  • jaвно здравство,
  • Едно Здравје

Како да се цитира

1.
Јаневски Б, Тозија Ф, Ристовска Г, Микиќ В, Попоска-Тренеска В. Приоритизација на зоонозите во Република Северна Македонија – дали е потребен пристап на Едно Здравје. Arch Pub Health [Internet]. 2021 Nov. 20 [cited 2024 Dec. 18];13(2):39-48. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6011

Апстракт

Зоонозите имаат различен импакт на јавното здравство, детерминирано од географските и социо-економските фактори, што условува нивната приоритизација за цели на превентива и контрола да биде изведена на национално ниво. Целта на трудот е да се споредат два различни методи што се користат за приоритизирање на зоонозите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Материјал и методи: ИЈЗ користеше метод подготвен од U.S. Centers for Disease Control and Prevention (CDC), - One Health Zoonotic Disease Prioritization (OHZDP) tool, прилагодена на националните услови (2019). АХВ користеше стандардизиран полу-квантитативен метод заснован на методолошкиот прирачник на OIE  (List and Categorization of priority diseases in animals including and those transmitted to humans). Селектирани се вкупно 21 зоонози, врз основа на нивната важност за хумaниот и ветеринарниот сектор. Овие зоонози се рангирани според наведените критериуми на двете претходно спроведени приоритизации и е извршена нивна споредба. Резултати Со приоритизација спроведена од ИЈЗ и АХВ (семи-квантитативна метода Rist CDC), први 5 рангирани зоонози се: Хеморагични трески со бубрежен синдром, Лајшманијаза, Туларемија, Бруцелоза и Листериоза. Со приоритизација спроведена од АХВ (модификација на квантитативниот методот на OIE), први 5 рангирани зоонози се: бруцелоза кај говеда, туберкулоза кај говеда, салмонелоза, авијарна инфлуенза и западнонилска треска. Како контролен параметар е земен кумулативна годишна инциденца (КГИ). Првите 5 рангирани зоонози согласно КГИ се: Ехинококоза, Бруцелоза, Лајмска треска, Лајшманијаза и Туларемија. Заклучоци: Споредбената анализа на одделните листи на приоритетни зоонози за хумана и ветеринарна медицина покажува дека само одредени зоонози се преклопуваат. Исто така, присуството на голем број зоонози со ендемичен карактер, но и поизразен ризик од појава на нови заболувања, ја одредува потребата да се обезбеди консензус за методологијата на приоритизација на зоонози, како и нејзина формализирање и институционализација, како клучен чекор кон идентификување и приоритизирање на зоонози кои би биле предмет на заеднички програми и интервенции.

Downloads

Download data is not yet available.