Том. 13 Бр. 2 (2021): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Дијабетес мелитус и хипертензивни мозочни крварења

Иван Панговски
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински Факултет, Институт за социјална медицина, Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2021-11-20

Клучни зборови

  • диајбетес мелитус,
  • јавно здравје

Како да се цитира

1.
Панговски И. Дијабетес мелитус и хипертензивни мозочни крварења. Arch Pub Health [Internet]. 2021 Nov. 20 [cited 2024 Dec. 18];13(2):57-61. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6012

Апстракт

Дијабетес мелитус (ДМ) претставува јавноздравствен проблем кој е се повеќе присутен и влијае на здравствената состојба на населението. Во повеќе студии ДМ се доведува до корелација со кар­диоваскуларни заболувања, а и мозочните крварења воопшто. Цел на трудот е да се утврди дали присуството на дијабетес мелитус влијае на исходот на мозочно крварење. Материјал и методи: За целите на ова истражување беше формиран примерок од 61 пациент со дијагноза хипертензивен интрацеребрален хематом во хемисферите на мозокот. Резултати: Застапеноста на дијабетесот во групата испитаници кои го преживеале интрацеребралното крварење е 26,67%, додека во гру­пата испитаници кај кои болеста завршила летално дијабетесот има несигнификантно поголема застапеност од 43,75% (Chi-square:1,61df=1,p=0,21). Анализата за застапеноста на дијабетес во однос на мобилноста на испитаниците покажува дека нема испитаници со шеќерна болест во групата пациенти кои можат самостојно да функционираат, додека шеќерна болест имаат 7 (24,14%) испи­таници во групата со можност за дневни активности со помош на помагало, и 5 (50%) во групата испитаници кои во обавувањето на секојдневните функции се комплетно зависни од туѓа помош. Статистичката анализа на овие разлики покажа дека не се сигнификантни (Fisherexact p=0,105). Заклучок: Кај пациентите кои имаат мозочно крварење со летален исход почесто е присутен ДМ, како и кај пациенти кои преживале но после тоа имаат намалена мобилност. Но овие разлики не се статистички значајни. Потребни се мерки за намалување на инциденцата на дијабетес мелитус. Овие мерки вклучуваат рано откривање на болеста, лекување и спречување на попреченост.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. American Diabetes Association. Diagnosis and classification of di¬abetes mellitus.[published cor¬rection appears in Diabetes Care. 2010;33(4):e57]. Diabetes Care 2010;33 Suppl 1(Suppl 1):S62-S69. DOI: https://doi.org/10.2337/dc10-S062
  2. Hesami O, Kasmaei HD, Matini F, Assarzadegan F, Mansouri B, Jabbe¬hdari S. Relationship between in¬tracerebral hemorrhage and diabe¬tes mellitus: a case-control study. J Clin Diagn Res 2015;9(4):OC08- OC10. DOI: https://doi.org/10.7860/JCDR/2015/12226.5741
  3. Petrović B. Epidemiologija. Nis : Medicinski fakultet, 2014.
  4. Институт за јавно здравје. Превен¬ција од дијабет. Скопје : 2017
  5. Влада на РСМ. Програма за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за третман и контрола на дијабетесот за 2020 година. Скопје : 2020.
  6. Alawieh A, Zhao J, Feng W. Factors affecting post-stroke motor recov¬ery: Implications on neurotherapy after brain injury. Behav Brain Res 2018;340:94-101. DOI: https://doi.org/10.1016/j.bbr.2016.08.029
  7. Heit ЈЈ, Iv M, Wintermark M. A Im¬aging of Intracranial Hemorrhage. Journal of Stroke 2017;19(1):11-27. DOI: https://doi.org/10.5853/jos.2016.00563
  8. Kelly DM, Rothwell PM. Blood pres¬sure and the brain: the neurolo¬gy of hypertension. Pract Neurol 2020;20(2):100-108. DOI: https://doi.org/10.1136/practneurol-2019-002269