Том. 14 Бр. 2 (2022): Архиви на јавно здравје
Клинички истражувања

Секундарен Сјегрен синдром кај пациенти со ревматоиден артритис

Филип Гучев
Универзитетска клиника за реуматологија; Универзитет „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Љубинка Дамјановска
Универзитетска клиника за ревматологија; Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Ѓеорѓи Божиновски
Универзитетска клиника за ревматологија; Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Снежана Перчинкова-Мишевска
Универзитетска клиника за ревматологија; Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Натали Јордановска-Гучева
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија.c

Објавено 2022-12-30

Клучни зборови

  • Сјегренов синдром,
  • ревматоиден артритис,
  • активност на болеста

Како да се цитира

1.
Гучев Ф, Дамјановска Љ, Божиновски Ѓ, Перчинкова-Мишевска С, Јордановска-Гучева Н. Секундарен Сјегрен синдром кај пациенти со ревматоиден артритис. Arch Pub Health [Internet]. 2022 Dec. 30 [cited 2024 Dec. 18];14(2):72-7. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6017

Апстракт

Секундарниот Сјегренов синдром (сСС) претставува заболување на сврзното ткиво кое се карактеризира главно со појава на ксерофталмија и ксеростомија, во склоп на други автоимуни заболувања. Преваленцијата на сСС кај пациенти со ревматоиден артритис (РА) е различна во различни држави, но се претпоставува дека изнесува околу 10% од сите пациенти со РА, при што околу 20% од овие имаат супклинички манифестации. Ова претставува голема суппопулација на пациенти со РА, при што клиничките импликации на коегзистирањето на двете болести сèуште се недоволно испитани. Цели: Да се анализираат ефектите на појавата на сСС врз болеста, односно поврзаноста на овој синдром со активноста и еволутивноста на болеста, присуството на серолошки и имунолошки маркери, времетраењето на болеста и квалитетот на животот кај пациенти со РА. Материјал и методи: Беа испитани 42 пациенти на возраст од 18 до 70 години, дијагностицирани според критериумите на EULAR (2010).  Дваесет пациенти беа со РА и сСС и 22 пациенти со РА без придружен сСС. Групите беа со слични карактеристики во однос на пол, возраст и времетраење на болеста. Беа анализирани:  појавата на сСС и нејзината зависност од возраста и полот на пациентите, демографските податоци, траењето на болеста, присуството на вонзглобни манифестации, а беа направени и серолошки тестови (позитивниот RF, anti-CCP). Активноста на болеста беше анализирана преку индексот на активност на болест - DAS28 (Disease Activity Score 28), а квалитетот на живот на пациентите преку HAQ-DI (Health Assessment Questionnaire – Disability Index). Беше анализиран бројот на болни и отечени зглобови, VAS (визуелна аналогна скала на болка), седиментација на еритроцити (ESR), CRP, а беа направени и имунолошки тестови (SSA, SSB, antidsDNA, ANA, antiU1snRNP) и по потреба други имунолошки и серолошки тестови). Резултати: Кај испитаните пациенти немаше статистички сигнификантна разлика во ESR, CRP, DAS28, HAQ-DI, серопозитивност кон RF или anti-CCP, како и присуството на antidsDNA, ANA или antiU1snRNP, како и траење на болеста. Пациентите во РА групата беа во поголем број, со повеќе отечени зглобови и повисока VAS. Постоеше статистички сигнификантна разлика во позитивноста на SSA и SSB антителата во двете групи. Немаше разлика во лекувањето на пациентите во двете групи. Заклучок: Не постои статистички сигнификантна разлика во нивото на активност на болеста и квалитетот на живот на пациентите со РА во споредба со оние со сСС.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Jonsson R, Haga H-J, Gordon T. Sjogren’s syndrome. In Koopeman WJ (ed.) Arthritis and Allied Conditions. A Textbook of Rheumalology, 14th edn, 2001; pp 1736–59. Lippincott & Williams & Wilkins, Philadelphia, PA.
  2. Lazarus MN, Isenberg DA. Development of additional autoimmune diseases in a population of patients with primary Sjogren’s syndrome. Ann Rheum Dis 2005; 64(7): 1062–1064. DOI: https://doi.org/10.1136/ard.2004.029066
  3. Carmona L, Gonzales-Alvaro I, Balsa A, et al. Rheumatoid arthritis in Spain: оccurrence of extra-articular manifestations ad estimates of disease severity. Ann Rheum Dis 2003; 62(9): 897–900. DOI: https://doi.org/10.1136/ard.62.9.897
  4. Young A, Koduri G. Extra-articular manifestations and complications of rheumatoid arthritis. Best Pract Res ClinRheumatol 2007; 21(5): 909–927. DOI: https://doi.org/10.1016/j.berh.2007.05.007
  5. Uhlig T, Kvien TK, Jensen JL, et al. Sicca symptoms, saliva and tear productions, and disease variables in 636 patients with rheumatoid arthritis. Ann Rheum Dis 1999; 58(7): 415–422. DOI: https://doi.org/10.1136/ard.58.7.415
  6. Skoumal M, Wottawa A. Long term observation study of Austrian patients with rheumatoid arthritis. Acta Med Austriaca 2002; 29(2): 52–56. DOI: https://doi.org/10.1046/j.1563-2571.2002.01043.x
  7. Kauppi M, Pukkala E, Isoma¨ki H. Elevated incidence of hematologic malignancies in patients with Sjogren’s syndrome compared with rheumatoid arthritis (Finland). Cancer Causes Control 1997; 8(2): 201–204. DOI: https://doi.org/10.1023/A:1018472213872
  8. Martens PB, Pillemer S, Jacobsson LTH, et al. Survivorship in a population based cohort of patients with Sjogren’s syndrome 1976–1992. J Rheumatol 1999; 26(6): 1296–1300.
  9. Turesson C, O’Fallon WM, Crowson C, et al. Occurrence of extra-articular disease manifestations is associated with excess mortality in a community based cohort of patients with rheumatoid arthritis. J Rheumatol 2002; 29(1): 62–67.
  10. Calguneri M, Ureten K, AkifOzturk M, et al. Extraarticular manifestations of rheumatoid arthritis: results of a university hospital of 526 patients in Turkey. ClinExpRheumatol 2006; 24(3): 305–308.
  11. Haga HJ, naderi Y, Moreno AM, Peen E. A study of the prevalence of sicca symptoms and secondary Sjogren’s syndrome in patients with rheumatoid arthritis, and its association to disease activity and treatment profile. Int J Rheum Dis. 2012;15(3):284-288. DOI: https://doi.org/10.1111/j.1756-185X.2012.01717.x
  12. Drosos AA, Lanchbury JS, Panayi GS. Rheumatoid arthritis in Greek and British patients. A comparative clinical, radiology and serology study. Arthritis Rheum 1992;35(7):745-8. DOI: https://doi.org/10.1002/art.1780350705
  13. Asmussen KH, Bowman SJ. Outcome measures in Sjogren’s syndrome. Rheumatology (Oxford), 2001; 40(10): 1085–1088. DOI: https://doi.org/10.1093/rheumatology/40.10.1085