Том. 10 Бр. 1 (2018): Архиви на јавно здравје
Клинички истражувања

Улогата на пробиотикот „Диастоп пробио” во превенција на колонизација и инфекција со Clostridium difficile кај хоспитализирани пациенти

Елена Трајковска-Докиќ
Институт за микробиологија со паразитологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија
Кирил Михајлов
Институт за микробиологија со паразитологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија
Каќа Поповска
Институт за микробиологија со паразитологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија
Гордана Мирчевска
Институт за микробиологија со паразитологија, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија
Андријан Карталов
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија
Билјана Кузмановска
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Република Македонија

Објавено 2018-04-30

Клучни зборови

  • Clostridium difficile,
  • пробиотик,
  • хоспитализирани пациенти

Како да се цитира

1.
Трајковска-Докиќ Е, Михајлов К, Поповска К, Мирчевска Г, Карталов А, Кузмановска Б. Улогата на пробиотикот „Диастоп пробио” во превенција на колонизација и инфекција со Clostridium difficile кај хоспитализирани пациенти. Arch Pub Health [Internet]. 2018 Apr. 30 [cited 2024 Dec. 18];10(1):12-8. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/1880

Апстракт

Механизмите за адаптација со кои располагаат микроорганизмите од цревниот микробиом го одредуваат нивното квалитативно и квантитативно присуство. Еден од најзначајните фактори кои значајно го нарушуваат цревниот микробиом, овозможувајќи им на условно патогените бактерии да предизвикаат инфекции, е употребата на антибиотиците во терапија на голем број инфекции. Токму таква е инфекцијата која ја предизвикува C. difficile. Целта на нашата студија беше да се испита дали пробиотикот „Диастоп пробио” може да ја превенира колонизацијата и инфекција со C. difficile кај хоспитализирани пациенти. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени вкупно 32 пациенти, кои беа третирани истовремено со два од наведените антибиотици: Ceftriaxon, Clindamycin, Ciprofloxacin, Imipenem, Meropenem и Amikacin. Шеснаесет пациенти ја сочинуваа групата на испитаници, кои го примаа и пробиотикот „Диастоп пробио”, а другите 16 пациенти од контролната група не добиваа пробиотик. Од сите пациенти беа добивани по два примерока за детекција на колонизација или инфекција со C. difficile, со класични микробиолошки техники. Истовремено беше проценувана и квалитативната застапеност на нормалната цревна флора. Резултати: Кај пациентите од групата испитаници, процентот на детектираните токсични соеви на C. difficile беше 3 пати повисок во однос на пациентите од контролната група (p<0,05). Истовремено кај пациентите кои примаа пробиотик  беше забележан сигнификантно помал процент на дизбаланс во нормалната цревна флора (p<0,05). Кај сите пациенти кои не примаа пробиотик нормалната цревна флора беше редуцирана или потполно отсутна, а 43,75% од нив беа носители на патогени микроорганизми: P. aeruginosa, VRE, ESBL+ E. coli и Candida albicans. Заклучок: Третирањето на хоспитализираните пациенти со пробиотикот „Диастоп пробио”, како дополнување на нивната антибиотска терапија, придонесува за: значајно намалување на дизбалансот во цревната флора, кој е важен предуслов за колонизација со C. difficile, значајно намалување на фреквенцијата на инфекцијата со C. difficile, што резултира со намален ризик за развивање на некоја од можните живото загрозувачки компликации. Ординирањето на испитуваниот пробиотик истовремено со спроведување на антибиотската терапија кај хоспитализираните пациенти би го спречило населувањето на нивниот дигестивен тракт со значајни микроорганизми, за кои е познато дека предизвикуваат интрахоспитални инфекции.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Vouga M, Greub G. Emerging bacterial pathogens: the past and beyond. Clin Microbiol Infect 2016; 22:12-21.
  2. U. S. Department of health and human services, Center for disease control and prevention: Antibiotic resistance treats in the United States, 2013.
  3. Barbut F, Petit J-C. Epidemiology of Clostridium difficile-associated infections. Clin Microbiol Infect 2001;
  4. :405-10.
  5. Beaugerie L, Flahault A, Barbut F, et al. Antibiotic-associated diarrhoea and Clostridioum difficile in the community. Aliment Pharmacol Ther
  6. ; 17:905-12.
  7. Kelly CP, Pothoulakis C, LaMont JT.
  8. Clostridium difficile colitis. N Engl J Med 1994; 330:257-62.
  9. Kuijper EJ, Coignard B, Tull P.
  10. Emergence of Clostridium difficile- associated disease in North America and Europe. Clin Microbiol Infect
  11. ; 12:2-18.
  12. Lessa et al. Burden of Clostridium difficile infection in the United States. N Engl J Med 2015; 372:825-34.
  13. Bauer MP, et al. Clostridium difficile infection in Europe: a hospital based survey. Lancet 2011; 377:63-73.
  14. Vaishnavi C. Established and potential risk factors for Clostridium difficile infection. Indian J Med Microbiol
  15. ; 27:289-300.
  16. Point Prevalence Survey of Hospital acquired infections and antibiotic use in European hospitals; ECDC: 2014.
  17. Silva M, Jacobus NV, et al. Antimicrobial substance from a human Lactobacillus strain. Antimicrob Agents Chemother
  18. ; 31:121-128.
  19. Crobach MJ, Dekkers OM, Wilcox MH, Kuijper EJ. European Society of Clinical Microbiology and Infectious Diseases (ESCMID): data review and recommendations for diagnosing Clostridium difficile infection (CDI). Clin Microbiol Infect 2009; 15:1053-66.
  20. Wilcox MH, Sandoe JA. Probiotics and diarrhoea: data are not widely applicable. BMJ 2007; 335:171.
  21. Thomas MR, Litin SC, et al. Lack of effect of Lactobacillus GG on antibiotic-associated diarrhoea: a randomized, placebo-controlled trial. Mayo Clin Proc 2001; 76:883-889.
  22. Wenus C, Goll R, et al. Prevention of antibiotic-associated diarrhoea by a fermented probiotic milk drink. Eur J Clin Nutr 2007; (Epub ahead of print,
  23. March 2007).
  24. Hoegenauer C, Hammer H. F, et al.
  25. Meshanisms and management of antibiotic-associated diarrhoea. Clin Infect Dis 1998; 27:702-10.
  26. Cohen SH, Gerding DN, et al. Clinical practice guidelines for Clostridium difficile infection in adults: 2010 update by the society for healthcare epidemiology of America (SHEA) and the infectious diseases society (IDSA). Infect Cont Hosp Epidemiol 2010; 31:431-55.
  27. Gorbach SL. Probiotics in gastrointes- tinal health. Am J Gastroenterol 2000; 95: S2-4.
  28. McFarland LV. Evidence-based review of probiotics for antibiotic-associated diarrhoea and Clostridium difficile infections. Anaerobe 2009; 15:274-80.