Том. 11 Бр. 1 (2019): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени

Александра Стамболиева
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Михаил Кочубовски
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Гордана Ристовска
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија
Анета Костова
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија

Објавено 2019-04-06

Клучни зборови

  • климатски промени,
  • јавно здравје,
  • аерозагадување,
  • информираност,
  • свесност

Како да се цитира

1.
Стамболиева А, Кочубовски М, Ристовска Г, Костова А. Информираност на популацијата за глобалниот проблем со климатските промени. Arch Pub Health [Internet]. 2019 Apr. 6 [cited 2024 Dec. 18];11(1):37-42. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/2845

Апстракт

Здравствената стратегија на ЕУ „Заедно за здравје“ ги призна климатските промени како закана за здравјето и ја нагласи улогата на Европската заедница да ги координира и брзо да одговори на заканите по здравјето на глобално ниво и да ги зајакне капацитетите на земјите (Европска комисија, 2008). Целта на трудот беше да се утврди степенот на свесност и информираност на популацијата околу глобалниот проблем со климатските промени и одговорноста на надлежните тела околу мерките за справување  со климатските промени. Материјал и методи: Беше спроведено пилот истражување во текот на декември 2018 година во Република Македонија, со применана прашалник кој беше адаптирана верзија од survey questionnaire (‘climate change’, version 1) преведен на македонски јазик и дистрибуиран на интерактивна онлајн платформа. На прашалникот добивме одговори од 130 испитаници. Резултати: Најголем процент (90,2%) од испитаниците одговорија дека аерозагадувањето е првото нешто што го поврзуваат со климатските промени, а потоа следуваат густината на сообраќајот (41,7%) и управувањето со отпадот (41,7%). Кога станува збор за одговорноста околу проблемот, според испитаниците националната влада (33,8%) има највисока одговорност, во однос на меѓународните организации (20%). Заклучок: Истражувањето покажа дека постои одреден степен на информираност кај населението за климатските промени и појавите поврзани со нив како што се: загадувањето на воздухот, густината на сообраќајот, поплавите, пожарите и слично, но исто така потребно е да се спроведат силни кампањи за подигање на јавната свест.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. World Health Organization Regional Office for Europe.Public health and climate change adaptation policies in the European Union. 2018, Copenhagen Denmark.
  2. Македонски информативен центар за животна средина. Годишен извештај од обработени податоци за квалитет на животна средина 2017. Издавач: Министерство за животна средина и просторно планирање. Скопје 2018.
  3. Стратегија за адаптација на здравствениот сектор со климатските промени во РМ; Издавач:Министерствоза здравство. Скопје 2011.
  4. Андонов O, Kочубовски M. Влијание на високите дневни температури во летниот период врз однесувањето на возачите и врз безбедноста на сообраќајот на патиштата. Студија. Издавач: РСБСП Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 2011: 7-10.
  5. University of Bath letterhead. SURVEY QUESTIONNAIRE (‘CLIMATE CHANGE’ VERSION1).September 2003.
  6. Leiserowitz A. International Public Opinion, Perception, and Understanding of Global Climate Change. In: Human Development Report 2007/2008 Fighting climate change: Human solidarity in a divided world. July 2010
  7. Huang S. Merging information from different resources for new insights into climate change in the past and future.Geophys Res Lett 2004; 31:1-4. doi:10.1029/2004GL019781
  8. Kundzewicz ZW, Mata LJ, Arnell NW, Döll P, Jimenez B, Miller K. The implications of projected climate change for freshwater resources and their management. HydrolSci J 2008; 53:3-10. DOI: 10.1623/hysj.53.1.3.