Том. 11 Бр. 1 (2019): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Корелацијата помеѓу КЕП индексот на 12-годишни деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од Југоисточниот регион на Република Македонија

Весна Амбаркова
Клиника за детска и превентивна стоматологија, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија
Мира Јанкуловска
Клиника за детска и превентивна стоматологија, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија
Михаил Кочубовски
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Владимир Поповски
Клиника за максилофацијална хирургија, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија
Мирјана Поповска
Клиника за болести на уста и пародонтот, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2019-04-06

Клучни зборови

  • дентален кариес,
  • школски деца,
  • вода за пиење,
  • флуор,
  • КЕП индекс,
  • орална епидемиологија
  • ...Повеќе
    Помалку

Како да се цитира

1.
Амбаркова В, Јанкуловска М, Кочубовски М, Поповски В, Поповска М. Корелацијата помеѓу КЕП индексот на 12-годишни деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од Југоисточниот регион на Република Македонија. Arch Pub Health [Internet]. 2019 Apr. 6 [cited 2024 Dec. 18];11(1):58-67. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/2855

Апстракт

Целта на оваа студија беше да се утврди корелацијата помеѓу КЕП (Кариес, Екстракција, Пломба) индексот на 12-годишни деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од населените места каде што децата живеат. Материјал и методи: Во испитувањето беа опфатени 129 ученици од 2 централни и 2 подрачни основни училишта, на кои им се одреди КЕП индексот. Децата живеат во градот Струмица и 3 различни села. Деветнаесет примероци на вода беа земени од испитуваната област за да се одреди концентрацијата на флуор со помош на електрохемиски метод користејќи го јонометарот (pH/ISE meter-Thermo-Orion) со специјална Ф-електрода (Thermo Orion Ion Plus Fluoride Electrode) на Институтот за јавно здравје. За одредување на корелацијата помеѓу одредените варијабли беше користен Spearman-овиот метод. Резултати: Вкупниот број деца во испитуваниот примерок изнесуваше 129, од кои 59 (45,7%) беа од женски и 70 (54,3%) од машки пол. Просечниот КЕП индекс кај оваа група деца изнесуваше 1,94,  со стандардна девијација од ±2,5. Максимални концентрации на флуор во водата за пиење од 1,36 ppmF беа утврдени во селото Банско и од 0,36 ppmF во селото Муртино, додека минимални (0,08 ppmF) во градот Струмица. Корелацијата помеѓу вредноста на КЕП индексот кај децата на возраст од 12 години од Југоисточниот регион и концентрацијата на флуорот во водата за пиење постоеше негативна, индиректна корелација, со вредност на коефициентот r =-0,16. Заклучок: Корелацијата помеѓу КЕП индексот и концентрацијата на водата за пиење е негативна, индиректна корелација, и оваа корелација е статистички значајна (p˂ 0,05).

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Регионите во Република Македонија, Државен завод за статистика на Република Македонија, 2017. Достапно на: www.stat.gov.mk
  2. Амбаркова В. Компаративна студија помеѓу оралното здравје и природно флуорираните води за пиење во одредени региони на Република Македонија. [Докторска дисертација]. Скопје: Стоматолошки факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. 2015.
  3. Нечева Љ, Царчев М, Накова М, Димитровски В, Зужелова М, Ѓоргова Ј, Дејаноски К, Беќировиќ М, Гиговски Н. Состојбата на оралното здравје и потребната санација на населението од Македонија по региони. Макед Стоматол Прегл 1993; 17(2):89-95.
  4. Ambarkova V, Ivanova V. Dental Caries Experience among primary school children in the Eastern Region of the Republic of Macedonia. Oral Health Dent Manag. 2014; 13(1) : 514-520.
  5. Ambarkova V, Panova O. Dental Caries Experience among 15-years Old Children in the Southeast Region of the Republic of Macedonia. Oral Health Dent Manag. 2015; 14(6): 353-360.
  6. Oral Health Surveys, Basic Methods 5 -th Edition, World Health Organization, Geneva, 2013.
  7. Davidović B, Janković S, Ivanović D. Procjena uticaja promocije oralnog zdravja u djece istočnog djela Republike Srpske. Biomedicinska istraživanja 2011;2(1):11-19.
  8. Ѓорѓев Д, Нечева Љ, Фиљански П, Колевска Л, Пасху М, Царчев М, Доцевска В. Некои аспекти на нутритивниот и стоматолошкиот статус кај школски деца во ендемско-флуоротични зони во СР Македонија.Мак.Мед. Преглед, 1989, 3-4, 83-85.
  9. Национална стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од 0-14 години, во периодот од 2008-2018 година. Министерство за здравство. Република Македонија. Скопје, 2007.
  10. Gampus G, Solinas G, Mattill, Castiglia B. Caries experience in 12–year–old: the Italian national path finder on children's oral health. Caries Res 2006; 40: 331.
  11. Van Wyk PJ , Louw AJ, du Plessis JP. Caries status and treatment of the 1999 – 2002 National Children's Oral Health Survey. SADJ. 2004 Jul; 59 (6): 238, 240 – 2.
  12. Albashaireh Z, Al- Hadi Hamash A. Prevalence of Dental caries in12-13 year-old-Jordanian students. SADJ 2002; 57(3):89-91.
  13. Al-Mutwa SA, Shyama M, Al-Duwairi Y, Soparker P. Dental caries experience of Kuwaiti school children. Community Dent Health 2006; 23(1):31-6.
  14. Beiruti N. van Palenstein Helderman WH.. Oral health in Syria. Int Dent J. 2004 Dec;54(6 Suppl 1):383-8.
  15. Zusman SP, Ramon T, Natopov L, Kooby E. Dental health of 12-yearold in Israel – 2002. Community Dent Health. 2005 Sep; 22 (3): 175 – 9.
  16. WHO WHO Oral Health Country/Area Profile Programme. http://www.whocollab.od.mah.se/index.html, 1999.
  17. Denloye O, Ajayi D, Bankole O. A study of dental caries prevalence in 12 – 14 year old school children in Ibadan, Nigeria. Pediatric Dental Journal 15 (2): 147 – 151, 2005
  18. Pitts NB, Palmer J. The Dental Caries Experience of 5-, 12- and 14-Year Old Children in Great Britain. Surveys Coordinated by the Br. Association for the Study of Community Dentistry in 1991/92, 1992/93 and 1990/91.Community Dent. Health 1997; 11: 42±52.
  19. Pitts NB, Evans DJ. The Total Dental Caries Experience of 5 Year-Old Children in the United Kingdom. Community Dent. Health 1997; 14: 47-52.
  20. Pitts NB, Evans DJ, Nugent ZJ. The Total Dental Caries Experience of 12-Year-Old Children in the United Kingdom. Surveys Coordinated by the Br. Association for the Study of Community Dentistry in 1996/7. Community Dent. Health 1998; 15: 49±54.
  21. Тозија Ф, Панева Љ, Чкалеска Д, Георгиев З, Кипровски М. Фреквенцијата на кариесот кај училишните деца и младината во Р. Македонија и негова превенција. Макед Стоматол Прегл 1994; 18(3-4):128-33.
  22. Ќосевска Е и сор. Здравјето и здравствената заштита на населението во Р.Македонија. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија. Скопје, 2011.
  23. Здравје за сите во 21 век. Светска здравствена канцеларија. Регионална канцеларија за Европа, 1999:56-1.
  24. Амбаркова В. Корелација помеѓу КЕП индексот на 12-годишните деца и концентрацијата на флуорот во водата за пиење од Вардарскиот регион на Република Македонија. Архиви на јавно здравје 2018; 10(2)ː5-13
  25. Ambarkova V. Ivanova V. Dental Caries Experience among primary school children in the Eastern Region of the Republic of Macedonia. Oral Health Dent Manag. 2014; 13 March (1) : 514-520