Идентификација на микрофлората од усната празнина на егзотични змии чувани како домашни миленици
Објавено 2020-07-16
Клучни зборови
- неотровни змии,
- миленици,
- усна празнина,
- микробиом
Како да се цитира
Апстракт
Последниве години змиите станаа актуелни домашни миленици за луѓето кои имаат малку слободно време. Но, при купување на овие животни се занемарува фактот дека се носители на голем број микроорганизми кои се патогени за човекот. Идејата на овој труд беше да се идентификуваат микроорганизмите во усната празнина кај егзотични змии кои се чуваат како домашни миленици во Република Северна Македонија, со што би помогнале во третманот на инфекции при каснување. Во студијата се опфатени 30 змии од 9 видови, од 3 фамилии на неотровни змии: Pythonidae, Boidae и Colubridae. Змиите се дел од 5 најголеми колекции на егзотични змии во Република Северна Македонија. Од секоја змија беше земен само по еден брис од усната шуплина. Брисевите беа културелно и микроскопски обработувани на Институтот за микробиологија и паразитологија на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Од вкупно 59 изолирани микроорганизми од усната празнина на 30 егзотични змии, 37,3% беа Грам-позитивни бактерии, 61,01% беа Грам-негативни бактерии и 1,69% беа габи. Доминантни беа бактериите Pseudomonas aeruginosa со 27,11%, Providencia rettgeri / Proteus vulgaris со 18,64% и KONS / Micrococcus luteus со 16,94%. Pseudomonas aeruginosa беше застапен кај сите три фамилии на змии, и тоа со 62,5% кај фам. Pythonidae, 50% кај фам. Boidae и 50% кај фам. Colubridae. Изолатот Providencia rettgeri /Proteus vulgaris беше најмногу присутен кај фам. Colubridea со 71,43, потоа кај фам. Pythonidae 12,5%, но воопшто не беше изолиран кај ниту еден примерок од фам. Boidae. Микробиомот на неотровните змии беше составен од Грам-позитивни бактерии кај здрави змии. Кај змиите чувани во несоодветни хигиенски услови предоминираа Грам-негативните бактерии, од кои најзначајно беше присуството на Pseudomonas aeruginosa, кој често е отпорен на повеќе групи антимикробни средства. Змиите како домашни миленици бараат соодветно познавање на условите за чување и нега.
Downloads
Референци
2. Weed HG. Nonvenomous snakebites in Massachusetts: prophylactic antibiotics are unnecessary. Ann Emerg Med 1993;22(2):220-224.
3. Blaylock RSM. Normal oral bacterial flora from some southern African snakes. Onderstepoort J Vet Res 2001;68(3):175-182.
4. Janda JM, Abbott SL. The genus Aeromonas: taxonomy, pathogenicity, and infection. Clin Microbiol Rev 2010;23(1):35–73.
5. Liu PY, Weng LL, Tseng SY, Huang CC, Cheng CC, Mao YC, et al. Colistin Resistance of Pseudomonas aeroginosa Isolated from Snakes in Taiwan. Can J Infect Dis Med Microbiol 2017; 2017:1–5.
6. Jho YS, Park DH, Lee JH, Cha SY, Han JS. Identification of bacteria from the oral cavity and cloaca of snakes imported from Vietnam. Lab Anim Res 2011;27(3):213–217.
7. Sujogya Kumar Panda, Laxmiprya Padhi, Guananidhi Sahoo. Oral bacterial flora of Indian cobra (Naja naja) and their antibiotic susceptibilities. Heliyon 2018;4(12): e011008
8. Krishnankutty SP, Muraleedharan M, Perumal RC, Michael S, Benny J, Balan B, et al. Next-generation sequencing analysis reveals high bacterial diversity in wild venomous and non-venomous snakes from India. J Venom Anim Toxins incl Trop Dis 2018;24(41).
9. Artavia-León A, Romero-Guerrero A, Sancho-Blanco C, Rojas N, Umaña-Castro R. Diversity of Aerobic Bacteria Isolated from Oral and Cloacal Cavities from Free-Living Snakes Species in Costa Rica Rainforest. Int Sch Res Notices 2017;2017:8934285.
10. Jho YS, Park DH, Leo JH, Lyoo YS. Aerobic bacteria from oral cavities and cloaca of snakes in petting zoo. Korean J Vet Res 2011;51(3):243-247.
11. Baron RS. Chapter 27: Pseudomonas. In: Iglewsk BH, editor. Medical Microbiology, 4th ed. Galveston: University of Texas Medical Branch and Galveston 1996..
12. Quiroga M, Avila-guero M., Faiongezicht I. Abscess secondary to facial snake bite. J Venom Anim Toxins 2000; 6(2):261-270.
13. Abrahamian FM, Goldstein EJC. Microbiology of animal bite wound infections. Clin Microbiol Rev 2011;24(2):231-246.
14. Lin D, Foely SL, Qi Y, et al. Characterization of antimicrobial resistance of Pseudomonas aeruginosa isolated from canine infections. J Appl Microbiol 2012; 113(1):16-23.
15. Wagener M, Naidoo M, Aldous C. Wound infection secondary to snakebite. S Afr Med J 2017; 107(4):315-319.