Том. 15 Бр. 1 (2023): Архиви на јавно здравје
Орално здравје

Импакција на повеќе заби без присуство на синдром - приказ на случај

Даниела Србиноска
Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон”, Скопје, Република Северна Македонија
Весна Трпевска
Стоматолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Република Северна Македонија
Анета Мијоска
Стоматолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2023-06-16

Клучни зборови

  • ерупција на заб,
  • импактирани заби,
  • прв траен молар,
  • втори трајни молари,
  • подвижен апарат според Шварц

Како да се цитира

1.
Србиноска Д, Трпевска В, Мијоска А. Импакција на повеќе заби без присуство на синдром - приказ на случај. Arch Pub Health [Internet]. 2023 Jun. 16 [cited 2024 Dec. 14];15(1):134-4. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6095

Апстракт

Ерупцијата на забите е континуиран процес со кој забите во развој се движат низ мекото ткиво, оралниот епител, коските на вилиците и слузницата што ги покрива, за да излезат во усната шуплина, да дојдат во контакт со забите од спротивниот забен лак и да ја овозможат функционалната положба на забите при џвакање. Абнормалните ткивни интеракции за време на развојот на забите потенцијално може да се откријат како ектопичен развој на забите, ектопична ерупција или импакција на забите. Кај човечкото забало, импакција на траен заб е релативно честа појава. Импакција на првиот траен молар е невообичаена појава и само неколку случаи се пријавени во литературата. Импактирани трајни катници неопходно е да се дијагностицираат во рана фаза и да се третираат што е можно порано, бидејќи третманот во подоцнежната фаза е обично покомплициран поради тенденцијата да се зголеми можноста за развој на дентална малоклузија со текот на времето. Во овој приказ на случај станува збор за импакција на првиот максиларен траен молар и импакција на сите, максиларните и мандибуларните трајни втори молари. Оваа состојба ја оневозможува џвакалната функција на пациентот. Едностраната мастикација исто така влијае негативно и на темпоромандибуларниот зглоб. Целта на овој приказ на случај беше да се претстави ортодонски третман со мобилен апарат според Шварц кај пациент со еднострана максиларна импакција на лев втор премолар, првиот молар и вториот молар. Целта на првата фаза беше позиционирање на максиларниот прв молар во забниот лак со добра коскена и пародонтална подршка. Беше направена хируршка интервенција, оперкулектомија, и ортодонскиот третман започна со влечење на првиот молар на кој беше поставен стандарден брекет со еластична лигатура прикачена на мобилниот апарат. Еден месец подоцна движењето на забот беше очигледно. 

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Massler M, Shour I. Studies in tooth development: theories of eruption. American Journal of Orthodontics and Oral Surgery. 1941; 27:552-576. DOI: https://doi.org/10.1016/S0096-6347(41)90413-1
  2. Marks SCJr & Schroeder H E. Tooth eruption: theories and facts. The Anatomical record 1996; 245(2): 374–393. DOI: https://doi.org/10.1002/(SICI)1097-0185(199606)245:2<374::AID-AR18>3.0.CO;2-M
  3. Peterson LJ, Ellis E, Hupp JR, and Tucker MR. Principles of management of impacted teeth. Eds. Contemporary Oral and Maxillofacial Surgery, Mosby, Maryland Heights, Missouri. 1998;215-248.
  4. Grover PS, Lorton L. The incidence of unerupted permanent teeth and related clinical cases. Oral Surg Oral Med Oral Pathol. 1985 Apr;59(4):420-5. doi: 10.1016/0030-4220(85)90070-2. DOI: https://doi.org/10.1016/0030-4220(85)90070-2
  5. Brady J. Familial primary failure of eruption of permanent teeth. Br J Orthod. 1990; 17(2):109-113. doi: 10.1179/bjo.17.2.109. DOI: https://doi.org/10.1179/bjo.17.2.109
  6. Oliver RG, Richmond S, Hunter B. Submerged permanent molars: four case reports. Br Dent J. 1986;160(4):128-30. doi: 10.1038/sj.bdj.4805789. DOI: https://doi.org/10.1038/sj.bdj.4805789
  7. Raghoebar GM, Boering G, Vissink A, Stegenga B. Eruption disturbances of permanent molars: a review. J Oral Pathol Med. 1991; 20(4):159-66. doi: 10.1111/j.1600-0714.1991.tb00913.x. DOI: https://doi.org/10.1111/j.1600-0714.1991.tb00913.x
  8. Mariano RC, Mariano Lde C, de Melo WM. Deep impacted mandibular second molar: a case report. Quintessence Int. 2006;37(10):773-6.
  9. Magnusson C, Kjellberg H. Impaction and retention of second molars: diagnosis, treatment and outcome. A retrospective follow-up study. Angle Orthod. 2009; 79(3):422-7. doi: 10.2319/021908-97.1. DOI: https://doi.org/10.2319/021908-97.1
  10. Guruprasad Y, Naik RM. Multiple impacted teeth in a non-syndromic patient. SRM J Res Dent Sci 2012; 3:279-80.
  11. Raghoebar GM, Boering G, Vissink A. Clinical, radiographic and histological characteristics of secondary retention of permanent molars. Journal of dentistry1991; 19(3), 164–170. DOI: https://doi.org/10.1016/0300-5712(91)90007-L
  12. Jacobs SG. The surgical exposure of teeth--simplest, safest and best. Australian orthodontic journal. 1987;10(1), 5–11. DOI: https://doi.org/10.2478/aoj-1987-0001
  13. Nlla C M. The development of the permanent teeth. J Dent Child. 1960; 27, 254-66.
  14. Suri L, Gagari E, Vastardis H. Delayed tooth eruption: pathogenesis, diagnosis, and treatment. A literature reviews. American journal of orthodontics and dentofacial orthopaedics: official publication of the American Association of Orthodontists, its constituent societies, and the American Board of Orthodontics. 2004; 126(4), 432–445. DOI: https://doi.org/10.1016/j.ajodo.2003.10.031
  15. Sujatha G, Sivapathasundharam B, Sivakumar G, Nalinkumar S, Ramasamy M, Prasad T S. Idiopathic multiple impacted unerupted teeth: Case report and discussion. Journal of oral and maxillofacial pathology: JOMFP 2012;16(1): 125–127.
  16. Huber KL, Suri L, Taneja P. Eruption disturbances of the maxillary incisors: a literature review. The Journal of clinical paediatric dentistry 2008; 32(3), 221–230. DOI: https://doi.org/10.17796/jcpd.32.3.m175g328l100x745
  17. Bayar GR, Ortakoglu K, Sencimen M. Multiple impacted teeth: report of 3 cases. European journal of dentistry, 2008; 2(1), 73–78. DOI: https://doi.org/10.1055/s-0039-1697358
  18. Guruprasad Y, Naik RM. Multiple impacted teeth in a non-syndromic patient. SRM J Res Dent Sci 2012; 3:279-280. DOI: https://doi.org/10.4103/0976-433X.114972
  19. Yalcin S, Gurbuzer B. Multiple impacted teeth in the maxilla. Oral Surg Oral Med Oral Pathol. 1993;76(1):130. doi: 10.1016/0030-4220(93)90310-z. DOI: https://doi.org/10.1016/0030-4220(93)90310-Z
  20. Sivakumar A, Valiathan A, Gandhi S, Mohandas AA. Idiopathic failure of eruption of multiple permanent teeth: report of 2 adults with a highlight on molecular biology. Am J Orthod Dentofacial Orthop. 2007;132(5):687-92. doi: 10.1016/j.ajodo.2006.04.034.. DOI: https://doi.org/10.1016/j.ajodo.2006.04.034
  21. Tanaka E, Kawazoe A, Nakamura S, Ito G, Hirose N, Tanne Y, et al. An adolescent patient with multiple impacted teeth. Angle Orthod. 2008; 78(6):1110-8. doi: 10.2319/121007-581.1. DOI: https://doi.org/10.2319/121007-581.1
  22. Sujatha G, Sivapathasundharam B, Sivakumar G, Nalinkumar S, Ramasamy M, Prasad TS. Idiopathic multiple impacted unerupted teeth: Case report and discussion. J Oral Maxillofac Pathol. 2012; 16(1):125-7. doi: 10.4103/0973-029X.92989. DOI: https://doi.org/10.4103/0973-029X.92989
  23. Chodirker BN, Chudley AE, Toffler MA, Reed MH. Zimmerman-Laband syndrome and profound mental retardation. Am J Med Genet. 1986; 25(3):543-547. doi: 10.1002/ajmg.1320250317. DOI: https://doi.org/10.1002/ajmg.1320250317
  24. Wise GE, Frazier-Bowers S, D'Souza RN. Cellular, molecular, and genetic determinants of tooth eruption. Crit Rev Oral Biol Med. 2002;13(4):323-34. doi: 10.1177/154411130201300403. DOI: https://doi.org/10.1177/154411130201300403
  25. Karsten Al. The orthodontic treatment of impacted teeth, 2nd edition. European Journal of Orthodontics 2007; 29(6): 662. DOI: https://doi.org/10.1093/ejo/cjm111