Том. 12 Бр. 3 (2020): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Влијанието на социоекономската состојба во семејството врз практикување редовна физичка активност кај младите

Даријан Трајанов
Здружение за истражување, поддршка и развој - ПРОМО ХЕЛТ, Скопје, Република Северна Македонија
Елена Ќосевска
Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Бети Зафирова Ивановска
Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Објавено 2020-12-15

Клучни зборови

  • социоекономска состојба,
  • млади,
  • физичка активност

Како да се цитира

1.
Трајанов Д, Ќосевска Е, Зафирова Ивановска Б. Влијанието на социоекономската состојба во семејството врз практикување редовна физичка активност кај младите . Arch Pub Health [Internet]. 2020 Dec. 15 [cited 2024 Dec. 18];12(3):30-8. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/5613

Апстракт

Физичката активност е еден од основните фактори за заштита и промоција на здравјето на луѓето од сите возрасти насекаде низ светот. Со следење на насоките на здравото и активно живеење ќе се создаваат здрави млади луѓе коишто ќе имаат здрав и долг живот. Целта на овој труд беше да се утврди дали постои поврзаност помеѓу социоекономската состојба во семејството и практикувањето редовна физичка активност кај младите. Материјал и методи: Ова истражување претставува дескриптивно-аналитичка студија. Во него учество зедоа 316 студенти од втора и трета година, студиска програма за општа медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Резултати и дискусија: Студентите кои практикуваа умерена физичка активнoст потекнуваа од семејства со месечни приходи повисоки од 30.000 денари, односно тоа изнесуваше 48,4% наспроти 34,65% од студентите коишто потекнуваа од семејства со месечни приходи помали од 30.000 денари. Помеѓу месечните приходи на семејствата на студентите и практикувањето физичка активност постои слаба позитивна корелација, R=0,21, p=0,002. Заклучок: Финансиската состојба во семејството игра голема улога во практикувањето физичка активност. Студентите кои потекнуваат од семејства со повисок семеен буџет вежбаат почесто.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

1.WHO. Noncommunicable diseases and their risk factors. Available from: https://www.who.int/ncds/introduction/en/Accessed: 10.07.2020
2.WHO. Obesity and overweight. Available from: https://www.who.int/en/news-room/fact-sheets/detail/obesity-and-overweight Accessed: 10.07.2020
3.Kljajic Dj. Medicina, zdravlje i zivotni stil. (14,15,16). I deo. Beograd – Vankuver, 2010. [ISBN 978-86-7804-273-7]
4.THE WORLD BANK. Nearly half the world lives on less than $5.50 a day. Available from: https://www.worldbank.org/en/news/press-release/2018/10/17/nearly-half-the-world-lives-on-less-than-550-a-day Accessed: 15.08.2020
5.Wang J, Geng L. Effects of Socioeconomic Status on Physical and Psychological Health: Lifestyle as a Mediator. International Journal of Environmental Research and Public Health 2019, 16, 281; doi:10.3390/ijerph16020281.
6. Kivimäk M, Batty DG, Pentti J, Shipley JM, Sipilä NP, Nyberg TS, et al. Association between socioeconomic status and the development of mental and physical health conditions in adulthood: a multi-cohort study. Lancet Public Health 2020;5(3):e140-e149.
7. WHO. Universal health coverage (UHC). Available from: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/universal-health-coverage-(uhc) Accessed: 20.08.2020
8. WHO. Global Physical Activity Questionnaire (GPAQ). Available at: https://www.who.int/ncds/surveillance/steps/GPAQ_EN.pdf Accessed: 20.08.2020
9. Тозија Ф, Ѓорѓев Д, Ќосевска Е, Кендровски В. Глобално истражување за здравје на адолесцентите. 2007/2008 ISBN [978-9989-716-70-6]

10. WHO. Physical activity. Available from: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/physical-activity Accessed: 01.09.2020

11. Guthold R, Stevens AG, Riley ML, Bull CF. Global trends in insufficient physical activity among adolescents:a pooled analysis of 298 population-based surveys with 1·6 million participants. Lancet Public Health 2020;4(1):23-35.

12. Langlois J, Omorou YA, Vuillemin A, Briançon S, Lecomte. Association of socioeconomic, school-related and family factors and physical activity and sedentary behaviour among adolescents: multilevel analysis of the PRALIMAP trial inclusion data. BMC Public Health (2017) 17:175
13. Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија. 10-Мај Светски ден на физичката активност Достапно на:https://www.iph.mk/10-maj-svetski-den-na-fizicka-aktivnost/Пристапено на: 10.09.2020
14. Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија. Извештај за здравјето на населението во Република Македонија за 2017 година Достапно на: http://iph.mk/wp-content/uploads/2014/09/Izvestaj-za-zdravje-2017-so-cip1.pdf Пристапено на: 11.09.2020
15. WHO. Global recommendations on physical activity for health. Available at: https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/44399/9789241599979_eng.pdf?sequence=1&isAllowed=y Accessed: 11.09.2020

16. WHO. More active people for a healthier world. Available from: https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/272722/9789241514187-eng.pdf?Accessed: 13.09.2020