Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели
Објавено 2018-11-12
Клучни зборови
- фактори на ризик,
- ретинопатија,
- предвреме родени
Како да се цитира
Апстракт
Прематурната ретинопатија (РОП) е главна причина за слепило кај предвремено родените бебиња. Инциденцата на РОП се зголемува во земјите во развој и се должи на зголемување на преживување на предвремено родените деца. Прематурната ретинопaтија (РОП) е сериозна компликација кај предвремено родени деца која може да доведе до слепило, освен ако се дијагностицира и се третира рано. Цел на оваа студија е да се проучат мајчините и акушерските фактори на ризик за РОП. Материјал и методи: Истражувањето преставува аналитичка “Case control” студија во периодот 2015-2016г. Во студијата се вклучени 163 предвреме родени деца кои не ги исполнуваат критериумите на Американската академија за офталмологија (ААО), со родилна тежина се над 1500 г и гестациска старост над 30 недела. Мајките се поделени во две групи во однос на новородените со РОП и без. За оставрување на целите се користеше дводелен анкетен прашалник, првиот дел од прашалникот се однесува на прашања за мајката. Резултати: ИВФ (ин витро фертилизациа) ја зголемува веројатноста за РОП повеќе од два пати OR=2.1256 (1.1133-4.0585). Како независни фактори мултипната бременост ја зголемува веројатноста за РОП за два и пол пати. Прееклампсијата делува протективно, ја намалува веројатноста за настанување на РОП. Начинот на породување, возраста на мајката, број на бремености, број на раѓања, консумирање на алкохол, пушење, наркотици не претставувaат ризик фактори. Треба да се обрне големо внимание на дефинирањето на ризик факторите, нивната комплексност, развојот и прогресијата на прематурната ретинопатија и нејзината превенција кои се само еден дел од прашањата со кој се соочуваат офталмолозите и неонатолозитe во текот на својата работа. Во студијата се потврдија истите ризик факори кои се регистрираат на кај прематурусите според ААО (родилна тежина под 1500 г и под 30-та гестациска недела). Заклучок: протоколите за скрининг на РОП да се модифицираат, покрај инклузионите критериуми на ААО да се вклучат и прематуруси според препораката на неонатолозите за зголемен ризик за развој на прематурна ретинопатија, а се со родилна тежина над 1500 г и над 30-та гестациска недела.
Downloads
Референци
- Isjanovski I.& Golubovic M. Retinopathy of prematurity: some risk factors. Physioacta 2016; 10 (3): 63-70.
- Isjanovski I, Sazdovska S, Jordanova Dimovska V. Incidence and risk factors for retinopathy of prematurity. Physioacta 2017; 11(1):49-56.
- Исјановски И. Проценка на влијанието на Ин витро фертилизацијата во настанувањето на прематурната ретинопатија ( РОП ). Докторска дисертација, 2017. Медицински факултет Скопје, Универзитет Св. Кирли и Методиј.
- Wheatley C M, Dickinson J L, Mackey D A, Craig J E, Sale M M. Retinopathy of prematurity: recent advances in our understanding. Br J Ophthalmol 2002; 86(6): 696–700.
- Tasman W. Retinopathy of Prematurity: the life of a lifetime disease. Am J Ophthalmol 2006; 141(1): 167-74.
- Oros А, Otkrivanje, lecenje i prevencija razvoja Prematurne Retinopatije.Doktorska disertacija, Novi Sad, 2002
- Татеши Б. Прематурна ретинопатија-скрининг и современа терапија, докторска дисертација, Скопје, 2016. Медицински факултет Скопје, Универзитет Св. Кирли и Методиј.
- Das A. & McGuire PG. Retinal and Choroidal angiogenesis: pathophysiology and strategies for inhibition. Progress in Retinal and Eye Research 2003; 22(6):721-48.
- Gibson DL et al. Retinopathy of prematurity-induced blindness: birth weight-specific survival and the new epidemic. Pediatrics 1990; 86(3): 405-12.
- Phelps DL. Retinopathy of prematurity: an estimate of vision loss in the United States1979. Pediatrics 1981; 67(6): 924-5.
- Akeson N. & B. Bonapart. What is the current incidence of RLF. Pediatrics 1976; 58(4): 627.
- Silverman WA. Retrolental fibroplasia: a modern parable. Grune & Stratton1980. Retrieved 21 September 2013
- Silverman, William A. The Consequences of Oxygen Restriction. In: Retrolental fibroplasia: a modern parable. 1980. Grune & Stratton. Retrieved 21 September 2013.
- Watts P, Adams GG. In vitro fertilisation and stage 3 retinopathy of prematurity. Eye (Lond) 2000; 14:330–333.
- Cross KW. Cost of preventing retrolental fibroplasias. Lancet 1973; 2:954-956.
- Gilbert C, Rahi J, Eckstein M, O`Sullivan J, Foster A. Retinopathy of prematurity in middle-income countries. Lancet 1997; 350:954-956
- Gilbert C. Retinopathy of prematurity: A global perspective of the epidemics, population of babies at risk and implications for control. Early Human Develpoment 2008; 84:77-82.
- Hirabayashi H, Honda S, Morioka I, Yokoyama N, Sugiyama D, Nishimura K, Matsuo M, Negi A. Inhibitory effects of maternal smoking on the development of severe retinopathy of prematurity. Eye 2010; 24: 1024–1027
- Blanco CL, Baillargeon JG, Morrison RL, Gong AK. Hyperglycemia in extremely low birth weight infants in a predominantly hispanic population and related morbidities. J Perinatol 2006; 26:737–741.
- Ertl T, Gyarmati J, Gaal V, Szabo I. Relationship between hyperglycemia and retinopathy of prematurity in very low birth weight infants. Biol Neonate 2006; 89:56–59.
- Garg R, Agthe AG, Donohue PK, Lehmann CU.Hyperglycemia and retinopathy of prematurity in very low birth weight infants. J Perinatol 2003; 23:186–194.
- Bergh T, Ericson A, Hillensjo T, Nygren KG, Wennerholm UB. Deliveries and children born after in-vitro fertilisation in Sweden 1982–95: a retrospective cohort study. Lancet 1999; 354: 1579–1585.
- Friling R, Axer-Siegel R, Hersocovici Z, Weinberger D, Sirota L, Snir M. Retinopathy of prematurity in assisted versus natural conception and singleton versus multiple births. Ophthalmology 2007; 114(2):321-324.
- Watts P, & Adams GGW. In vitro fertilisation and stage 3 retinopathy of prematurity. Eye 2000; 14: 330-333.
- Blumenfeld LC, Siatowski RM, Feuer WJ, et al. Retinopathy of prematurity in multiple-gestation pregnancies. Am J Ophthalmol 1998;125:197–203.
- Kumar MA., Rajalakshmi AR, Gunasekaran D, Sreeraaganidhi. A study of risk factors for retinopathy of prematurity in a medical college hospital in South India to evaluate the criteria for screening for retinopathy of prematurity. Journal of current trends in clinical medicine & laboratory biochemistry 2014; 2(2): 31-36.
- Seiberth V & Linderkamp O. Risk factors in retinopathy of prematurity. A multivariate statistical analysis. Ophthalmologica 2000; 214(2):131–135.
- Shah VA, Yeo CL, Ling YL. Incidence, risk factors of retinopathy of prematurity among very low birth weight infants in Singapore. Ann Acad Med Singapore 2005; 34:169-78.
- Stanković BG, Oros А, Vujanović М, Cekić S, Jonović M. Some of the risk factors for retinopathy of prematurity. Acta Medica Medianae 2014; 53(3): 5-10.
- Zayed MA, Uppal A, Hartnett ME. New-onset maternal gestational hypertension and risk of retinopathy of prematurity. Invest Ophthalmol Vis Sci 2010; 51(10): 4983–4988.
- Fortes Filho JB, Costa MC, Eckert GU, Santos PG, Silveira RC, Procianoy RS. Maternal preeclampsia protects preterm infants against severe retinopathy of prematurity. J Pediatr 2011; 158(3): 372–376.
- Dhaliwal CA, Fleck BW, Wright E, Graham C, McIntosh N. Retinopathy of prematurity in small-for-gestational age infants compared with those of appropriate size for gestational age. Arch Dis Child Fetal Neonatal Ed 2009; 94(3): F193–F195
- Palmer EA, Flynn JT, Hardy RJ, et al. The cryotherapy for retinopathy of prematurity cooperative group. Incidence and early course of retinopathy of prematurity. Ophthalmology 1991; 98(11):1628–1640.
- Gebesce Arzu et al. Retinopathy of prematurity: incidence, risk factors, and evaluation of screening criteria, Turk J Med Sci 2016; 46: 315-320.
- Özkan H, Çetinkaya M, Koksal N, Özmen A, Yıldız M. Maternal preeclampsia is associated with an increased risk of retinopathy of prematurity. J Perinat Med 2011; 39: 523–527.
- Tunay ZÖ, Özdemir Ö, Acar DE, Öztuna D3, Uraş N. Maternal diabetes as an independent risk factor for retinopathy of prematurity in infants with birth weight of 1500 g or more. Am J Ophthalmol 2016;168:201-206.