Морталитет од малигни неоплазми во Република Северна Македонија во периодот од 2010 до 2018 година
Објавено 2022-06-23
Клучни зборови
- морталитет,
- малигни неоплазми,
- Република Северна Македонија
Како да се цитира
Авторско право(c) 2021 Lidushka Vasileska, Elena Kjosevska, Tanja Lekovska-Stoicovska, Aleksandar Kardashevski
This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.
Апстракт
Целта на трудот беше да се прикаже состојбата и трендот на стапката на морталитет од малигни неоплазми во периодот 2010-2018 година кај населението во Република Северна Македонија (РСМ), најчестите причини за смрт од малигни неоплазми во 2018 година, со посебен осврт на дистрибуцијата на смртноста по пол и возраст. Материјал и методи: Беше изведена ретроспективна студија со примена на епидемиолошко-дескриптивниот меод на работа. Податоците беа статистички обработени. Добиените стапки на морталитет на малигни неоплазми беа пресметани на 100.000 жители. Податоците се прикажани табеларно и графички вкупно за РСМ. Податоците за бројот на умрени беа добиени од Државниот завод за статистика, а обработени и анализирани во Институтот за јавно здравје на РСМ. Резултати: Во РСМ во 2018 година починале вкупно 19.727 лица, а малигните заболувања учествувале со 18,9% во вкупниот морталитет и биле на второ место во структурата на причини за смрт по кардиоваскуларните заболувања со 3.734 починати лица или стапка од 179,8 починати на 100.000 жители. Од вкупниот број починати од малигни неоплазми во РСМ во 2018, регистрирани се поголем број починати кај машката популација отколку кај женската, а најголем дел од нив (31,3%) починале од малигни неоплазми на бронх и бел дроб. Кај женската популација, во 2018, најголем број починале од малигни неоплазми на дојка (18,3%), а 13,1% од малигни неоплазми на бронх и бел дроб. Во периодот 2010-2018 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст од 0-64 години бележи тренд на опаѓање, од 87,5 во 2010 до 79,2 во 2018 на 100.000 население. Истата појава е присутна и кај населението на возраст над 65 години, односно во 2010 изнесувала 881,1 на 100.000 население, а во 2018 е намалена на 805,1. Заклучок: Ракот е втора водечка причина за смрт во РСМ, како и на глобално ниво. Во 2018 година, 1 од 5 смртни случаи се должат на малигни заболувања во РСМ, додека глобално во светот 1 од 6 смртни случаи се должи на карцином. Околу една третина од смртните случаи од рак се должат на 5-те водечки ризици во однесувањето и исхраната: висок индекс на телесна маса, низок внес на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност, употреба на тутун и алкохол
Downloads
Референци
- WHA58.22. Cancer prevention and control. World Health Assembly 58(2005).Official Record. Resolution and Decision. Available from:
- https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/20372/WHA58_22-en.pdf
- Institute of Public Health of the Republic of North Macedonia. Report for population health in North Macedonia. Skopje, 2011 to 2018. Republic of North Macedonia.
- State Statistical Office of the Republic of North Macedonia. Mortality statistics.Skopje, Republic of North Macedonia, 2010-2018
- Freddie Bray, Jacques Ferlay, Isabelle Soerjomataram, Rebecca L Siegel, Lindsey A Torre, Ahmedin Jemal.Global cancer statistics 2018: GLOBOCAN estimates of incidence and mortality worldwide for 36 cancers in 185 countries. CA: A Cancer Journal for Clinicians. 2018;0:1‐31. Available from: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/30207593/ DOI: https://doi.org/10.3322/caac.21492
- IARC.Global Cancer Observatory.GLOBOCAN 2018.Lyon, France. Available from : https://gco.iarc.fr/
- Ferlay J, Soerjomataram I, Ervik M, Dikshit R, Eser S, Mathers C et al. Cancer Incidence and Mortality Worldwide.GLOBOCAN 2012 v1.0,[Internet]: IARC Cancer Base No. 11 Lyon, France: International Agency for Research on Cancer; 2013.Available from:https://www.uicc.org/news/iarc-release-latest-world-cancer-statistics
- GBD 2015 Risk Factors Collaborators. Global, regional, and national comparative risk assessment of 79 behavioral, environmental and occupational, and metabolic risks or clusters of risks, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015. Lancet. 2016; 388 (10053):1659-1724. DOI: https://doi.org/10.1016/S0140-6736(16)31679-8
- Plummer M, de Martel C, Vignat J, Ferlay J, Bray F, Franceschi S. Global burden of cancers attributable to infections in 2012: a synthetic analysis. Lancet Glob Health. 2016;4(9):e609-16. DOI: https://doi.org/10.1016/S2214-109X(16)30143-7
- Stewart BW, Wild CP, editors. World cancer report 2014 Lyon: International Agency for Research on Cancer; 2014.
- Global Initiative for Cancer Registry Development. [Internet]. International Agency for Research on Cancer Lyon: France.Available from:https://gicr.iarc.fr/