Том. 14 Бр. 2 (2022): Архиви на јавно здравје
Јавно здравје

Организација на здравствената заштита на старите лица на територија на град Скопје – состојби и потреби

Надица Надица Тотиќ
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Елена Ќосевска
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Скопје, Република Северна Македонија
Весна Велиќ Стефановска
Институт за епидемиологија со биостатистика и медицинска информатика, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2022-12-30

Клучни зборови

  • стари лица,
  • здравствена заштита,
  • активно и здраво стареење

Како да се цитира

1.
Надица Тотиќ Н, Ќосевска Е, Велиќ Стефановска В. Организација на здравствената заштита на старите лица на територија на град Скопје – состојби и потреби. Arch Pub Health [Internet]. 2022 Dec. 30 [cited 2024 Dec. 18];14(2):46-57. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6070

Апстракт

Целта на трудот беше да се согледаат ставовите на старите лица на територија на град Скопје во врска со здравствената заштита и да се добијат одговори за нивните потреби и мислење за организацијата и функционирањето на здравствениот систем. Mетоди: Беше користен дескриптивно-аналитички метод на работа, со приказ на резултати од истражување (студија на пресек) спроведено на територијата на град Скопје во периодот март-април 2019 година. Беа опфатени вкупно 350 испитаници на возраст од 65+ години. Беше изработен прашалник кој содржеше 53 прашања и беше дизајниран да одговара на возраста и полот на испитаниците. Прашалникот беше поделен на четири дела: прв дел - општи и демографски карактеристики; втор дел - здравствена заштита; трет дел - мобилност на старото лице; четврти дел - услови и начин на живот. Статистичката анализа беше извршена со Windows 7.0 и SPSS, верзија 14. Статистичка значајност беше искористена за двонасочни тестови со ниво на значајност од p <0,05. Резултати: Во студијата беа опфатени 133 (38%)  мажи и 217 (62%) жени, со сооднос на полот 0,61 : 1. Според добиените изјави од испитаниците во примерокот, 50 (37,9%) од анкетираните мажи и 124 (57,14%) од анкетираните жени имале хронични заболувања. Од испитаниците, 260 (75,6%) изјавиле дека се задоволни од услугите „Мој термин“. Во однос на полот, задоволни од „Мој термин“ биле 101 (78,9%) од мажите и 159 (73,6%) од жените во примерокот. Вкупно 84 (24,4%) испитаници изјавиле дека се незадоволни од оваа услуга, и тоа 27 (21,1%) мажи и 57 (26,4%) жени. Кај 47 (47,5%) од испитаниците дискриминација при здравствената заштита направил доктор, кај 43 (43,4%) тоа го направила медицинска сестра, а кај 9 (9,1%) причина биле и докторот и медицинската сестра. Добиените резултати покажале дека најчесто високообразованите лица многу почесто ја препознавале дискриминацијата и злоупотребата од страна на здравствен персонал отколку лицата со пониско образование. Заклучок: Постарите лица делумно ги остваруваат правата од здравствена заштита. Постарите лица би сакале да ги прошират можностите за здравствени придобивки. Во самопроценката на здравствената состојба, најголем дел од постарите лица велат дека нивната здравствена состојба е релативно добра. Постои корелација помеѓу активното и здравото стареење и социоекономските услови во кои живеат постарите лица.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

  1. Word Health Organization. Ageing and health- Key facts. 2021 Accessed: 18.03.2022.
  2. Galic S, Tomasovic Mrcela N et al. Practitioner for gerontology, geriatrics and psychology of old age- psychology of aging. Medical School Osijek, 2013
  3. World Health Organization. Age-friendly environments in Europe: Indicators, monitoring and assessments. Available at:http://www.euro.who.int/en/health-topics/Life-stages/healthy-ageing/publications/2018/age-friendly-environments-in-europe-indicators,-monitoring-and-assessments-2018.Accessed: November 30, 2019
  4. Eurostat Statistics Explained. Population structure and ageing. Available at:https://ec.europa.eu/eurostat/statisticsexplained/index.php?title=Population_structure_and_ageing.Accessed: March 19,2022
  5. State Statistical Office. North Macedonia in numbers. 2021.Аvailableat:https://www.stat.gov.mk/PrikaziPublikacija_1.aspx?rbr=833.Accessed: 25.02.2022.
  6. State Statistical Office. Deaths by age, by municipality, 2005-2020 Available at:
  7. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Naselenie__Vitalna/225_VitStat_Op_UmrVoz_mk.px/?rxid=a92d871e-9d22-40c1-bfb2-de922334917d. Accessed: February 25, 2022
  8. Data World Bank. Live expectancy at birth. Total (years)-North Macedonia. Available at:data.worldbank.org/indicator/SP.DYN.LE00.IN?locations=MKAccessed: March 10,2022
  9. World Atlas. Countries with the largest aging population in the world. Available at:https://www.worldatlas.com/articles/countries-with-the-largest-aging-population-in-the-world.html. Accessed: 19.05.2019
  10. ActiveAgeingIndex2014 Summary. Available at:https://statswiki.unece.org/display/AAI/VI.+Documents+and+publications?preview=/76287849/117178632/extract_for_translation3%20updated--.pdf. Accessed: June, 2015
  11. National institute of ageing. Global ageing, Available at: https://www.nia.nih.gov/research/dbsr/global-aging. Accessed: November 21,2019
  12. Vlahovic V, et al. Guide to implementing the National Strategy for Equality and Non-Discrimination on the basis of ethnicity, age, mental and physical disability, and on a sex basis. Skopje: British Council in Macedonia, 2014, pp.33-34.
  13. Ylli, A. Health and social conditions of older people in Albania: Baseline data from a national survey. Public Health Rev 2010; 3:, 549–560. DOI: https://doi.org/10.1007/BF03391616
  14. Jerliu N, Toçi E, Burazer, G. et al. Socioeconomic conditions of elderly people in Kosovo: a cross-sectional study. BMC Public Health 2012;12: 512. DOI: https://doi.org/10.1186/1471-2458-12-512
  15. Frontiers in Public Health. Predicting Self-Rated Health in Diabetes and Chronic Heart Failure – A Multiple Mediation Model Front. Available at: https://www.frontiersin.org/articles/10.3389/fpubh.2015.00266/fullPublic Health Accessed: 21.02.2022
  16. World Health Organization. Regional Office for Europe (WHO). European report on preventing elder maltreatment.Copenhagen;2011. Available at: https://www.euro.who.int/__data/assets/pdf_file/0010/144676/e95110.pdf
  17. World Health Organization. Older people and access to health care in North Macedonia. 2021. Available at:https://www.euro.who.int/en/countries/north-macedonia/publications/older-people-and-access-to-health-care-in-north-macedonia-2021 Accessed:15 March,2022.
  18. Rippon I, KnealeD, Demakakos P, Steptoe A. Perceived age discrimination in older adults. Age and Ageing 2014; 43(3):379-386 DOI: https://doi.org/10.1093/ageing/aft146
  19. Jordanova Peshevska D, Markovik M, Sethi D, Serafimovska E, Jordanova T. Prevalence of Elder Abuse and Neglect: Findings from First Macedonian Study. OA Maced J Med Sci 2014; 2(2):353-359. DOI: https://doi.org/10.3889/oamjms.2014.061
  20. Liotta G, Canhao H, Cenko F, Cutini R, Vellone E, Illario M, et al. Active ageing in Europe: Adding healthy life to years. Front Med 2018; 5:123. DOI: https://doi.org/10.3389/fmed.2018.00123
  21. Kjosevska E, Totikj N. Report for health status and health care of elderly people. Institute of Public Health of Republic of Macedonia. Skopje, 2021.