Том. 15 Бр. 1 (2023): Архиви на јавно здравје
Приказ на случај

Аваскуларна некроза на главата на бутната коска кај пациент со Лајмска болест и Девиков оптички невритис

Вилијам Велковски
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација и интензивно лекување; Универизитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Илир Шабани
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Виктор Камнар
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Антонио Гавриловски
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Теодора Тодорова
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Милена Богоевска-Доксевска
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Даница Поповска
Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Медицински факултет, Република Северна Македонија
Ериета Николиќ-Димитрова
Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија

Објавено 2023-06-30

Клучни зборови

  • аваскуларна некроза,
  • глава на бутна коска,
  • матични клетки

Како да се цитира

1.
Велковски В, Шабани И, Камнар В, Гавриловски А, Тодорова Т, Богоевска-Доксевска М, Поповска Д, Николиќ-Димитрова Е. Аваскуларна некроза на главата на бутната коска кај пациент со Лајмска болест и Девиков оптички невритис. Arch Pub Health [Internet]. 2023 Jun. 30 [cited 2024 Jul. 16];15(1):126-33. Available from: https://id-press.eu/aph/article/view/6078

Апстракт

Аваскуларната некроза на главата на бутната коска е состојба која доведува до колапс на феморалната глава, што на крајот завршува со остеонекроза на главата на колкот и потреба од алоартропластика на колкот. Оваа состојба ги афектира пациентите од двата пола на возраст од 20 до 55 години. Патогенетската причина е прогресивно намалување на циркулацијата на крвта што доведува до уништување на феморалната глава. Најчесто причините се примена на кортикостероидна терапија, алкохолизам, пушење, траума итн. Декомпресија на главата на бутната коска придружена со апликација на мезенхимални матични клетки во некротичната зона е ветувачки регенеративен метод на лекување. Прикажуваме случај на 20-годишна пациентка кај која беше дијагностицирана аваскуларна некроза на главата на бутната коска од левиот колк поради примена на високи дози кортикостероидна терапија, со Лајмска болест и Девиков оптички невритис. Аваскуларната некроза индуцирана од примена на високи дози кортикостероиди најчето ја афектираглавата на бутната коска, но не се исклучуваат и останатите делови од скелетот. Повеќето од пациентите се жалат на болка со подмолен почеток, која се влошува со физичка активност и со текот на времето станува поинтензивна. Раната дијагноза и третман се од клучно значење. И покрај некои контроверзии во врска со третманот на аваскуларна некроза на главата на бутната коска со матични клетки, резултатите од користењето на матични клетки се чини дека се позитивни во однос на ефикасноста и безбедноста.

Downloads

Download data is not yet available.