Македонско медицинско електронско списание (ММЕС) е списание од областа на медицината и сродните дисциплини во кое се објавуваат трудови од основната медицина, клиничка медицина, приказ на случаи, ревиски трудови, јавно здравје и историја на медицината, магистерски тези и докторски тези на македонски јазик. Целиот процес на поднесување, прегледување, комуникација, депонирање, читање и преземање на трудовите е електронски.

Трудовите се објавуваат според моделот на Отворен пристап, а авторите дозволуваат секому да презема, повторно да користи, повторно да печати, менува, дистрибуира и/или да копира статии, доколку се наведат оригиналните автори и изворот. Носители на авторските права се самите автори. Секој доставен труд од базична медицина, клиничка медицина, приказ на случаи, ревиски трудови, јавното здравје и историја на медицината ќе биде рецензиран и доколку биде прифатен ќе се објавува континуирано со доделување идентификатор на труд (ID), како и идентификатор на дигитален објект (DOI) и ќе може веднаш да се цитира. На овој начин се надминува чекањето и се олеснува користењето на информациите. Магистерските и докторските тези се објавуваат без рецензија како апстракт или како целосна содржина со авторско право на авторите.

Целта на ММЕЈ е да им овозможи на младите лекари брзи, достапни и квалитетни информации од најзначајните области на медицината и околните дисциплини, како и да им понуди модерно и отворено списание за објавување на нивните трудови.

Том. 3 Бр. 1 (2023): Макед Мед Електр С

Објавено: 2023-11-18

Види ги сите изданија