Акупунктурен третман за цервикална спондилоза

Main Article Content

Кристина Козовска
Јихе Зху
Благица Арсовска

Апстракт

ОСНОВА: Цервикалната спондилоза е едно од најчестите прогресивни дегенеративни заболувања на ’рбетот  коeнастанува  со  процесот  на  стареењеи  најчесто  кај  луѓе  постари  од  40  години. Акупунктурата  како  третман  за  цервикалната  спондилоза  се  користи  многу  често,  нема  несакани ефекти и претставува комплетно безбеден третман. Акупунктурата може да го намали влијанието на симптомите  на  цервикалната  спондилоза  со  подобрување  на  протокот  на  Чи  енергијата  низ меридијаните во телото и со одстранување на блокадите во меридијаните.


ЦЕЛ: Целта на овој труд е да се прикажат резултатите и ефикасноста од направеното истражување и анализа на пациентите дијагностицирани со цервикална спондилоза, при лекувањето со акупунктурен третман.


МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Истражувањето е направено во ординацијата за Традиционална Кинеска Медицина и акупунктура „Тонг Да Танг“ во Скопје и беа вклучени 30 пациенти од машки и женски пол кај кои беше дијагностицирано цервикална спондилоза во изминатата една година. Кај сите пациенти е постигнат ефект од третманите, а истите беа направени од страна на Спец. Д-р Зху Јихе. Сите точки за цервикалната спондилоза кои беа третирани се лоцирани на главата и вратот: Du16 (Fengfu), Du20 (Baihui),  Du21  (Qianding),  SJ16  (Tiannyou),  Bl10  (Tianzhu),  SI15  (Jianzhongshu),  SI14  (  Jianwaishu). Терапиите беа направени во затворена просторија на 250 со времетраење од 35-40 минути.


РЕЗУЛТАТИ: Според направените анализи се покажува дека жените се почесто зафатени од мажите од цервикална спондилоза, иако разликата е занемарливо мала. Најчесто зафатена возрасна група е од 50-60 години, со средна возраст за мажи од 55 години и за жени 64 години. Мажите се зафатени порано, на вораст од 50 години, а жените после 60тата година. Бројот на третмани кој бил потребен да се постигне резултат е различен кај сите пациенти и во просек изнесува 8 третмани. Како најчест симптом се јавува болката во вратот, а како можни први симптоми се вртоглавицата и главоболката.


ЗАКЛУЧОК: Како дел од 5000 години старата Традиционална Кинеска Медицина, акупунктурата дава одлични резултати при лекувањето на цервикалната спондилоза и со овој научен труд базиран врз основа на докази се докажува дека акупунктурата е генерално безбеден и ефективен третман при лекувањето на цервикалната спондилоза.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Како да се цитира
1.
Козовска К, Зху Ј, Арсовска Б. Акупунктурен третман за цервикална спондилоза. Maced Med Electron J [Internet]. 2015 Dec. 2 [cited 2024 Dec. 4];1(1):1-5. Available from: https://id-press.eu/mmej/article/view/441
Секција
Клиничка медицина

Референци

Ferrara LA. The biomechanics of cervical spondylosis. Adv Orthop. 2012;2012:493605.

http://dx.doi.org/10.1155/2012/493605 DOI: https://doi.org/10.1155/2012/493605

Mullin J, Shedid D, Benzel E. Overview of Cervical Spondylosis Pathophysiology and Biomechanics. World Spinal Column Journal. 2011;2(3).

Ulrich FP. Cervical spine anatomy and neck pain. 10 oct 2009; [www.spine-health.com]

Delisa JA, Gans BM, Walsh NE. Физикална медицина и рехабилитација – принцип и практика. ТОМ 1; Табернакул, 2012.

Sedan B. Acupuncture - The Safer Alternative for Treating Cervical Spondylosis. August 14, 2012 (www.yogawiz.com)

Zhu J, Arsovska B, Vasileva D, Petkovska S, Kozovska K. Acupoints for cervical spondylosis. Official Journal of the Bulgarian Society of Neurosonology and Cerebral Hemodynamics. 2015;11(2).

Okada E, Matsumoto M, Ichihara D, et al; Aging of the cervical spine in healthy volunteers: a 10-year longitudinal Spine (Phila Pa 1976). 2009; 34(7):706-12.

http://dx.doi.org/10.1097/BRS.0b013e31819c2003 DOI: https://doi.org/10.1097/BRS.0b013e31819c2003

PMid:19333104

Liu H, Ploumis A. Cervicogenic hypertension "” A possible etiology and pathogenesis of essential hypertension. Hypothesis 2012, 10(1): e4.

http://dx.doi.org/10.5779/hypothesis.v10i1.297 DOI: https://doi.org/10.5779/hypothesis.v10i1.297